Facebook Messenger е меѓу најпопуларните апликации за комуникација со пријателите. Сепак долго време оваа апликација беше замислена како нешто што треба да ви овозможи лесна комуникација преку вашиот мобилен телефон, односно кога сте дома ја користите веб верзија од Facebook, а кога сте излезени оваа посебна апликација. Меѓутоа сигурно доколку сте корисник на апликацијата и имате таблет компјутер сте посакале да можете да ги проверувате пораките без да треба да го земете вашиот мобилен телефон, се разбира доколку не сакате главната Facebook апликација да ја користите и за пораки.
Од оваа недела Facebook Messenger станува компатибилна со iPad уредите, па корисниците на апликацијата ќе можат конечно да ја користат во формат наменет за нивните уреди. Апликацијата изгледа исто како на мобилната верзија, со тоа што е искористена големината на екранот, па на левата страна цело време се прикажани вашите разговори, додека на десната страна се отвора секој посебен разговор.
Што се однесува до функциите, таа ги вклучува сите функции достапни во мобилната верзија со исклучок на неколку од нив кои што беа неодамна додадени. Се работи за можноста за брзо споделување на кратки видео клипови, како и поделбата на екранот за сликање на selfie.
Facebook Messenger за iPad е достапна во продавницата за апликации и можете да ја симнете преку следниот линк.