Samsung пријатно ги изненадува своите корисници лансирајќи го новиот Galaxy S23 FE телефон овој декември, спремен да биде еден од главните „играчи“ во светот на подароците за овие Новогодишни и Божиќни празници. Овој елегантен телефон го поседува шармот и фантстичните перформанси на Galaxy S23 серијата, па така со новиот Galaxy S23 FE секојдневните моменти ќе ви постанат незаборавни благодарение на функциите на камерата кои ќе ги надминат вашите очекувања.

Високата резолуција од 50 MP и 3x оптичкиот зум ќе ви овозможат да го доловите секој детал и да создадете спомени кои ќе траат засекогаш. Секако, тука е функцијата Nightography со која ќе можете да креирате магични селфи фотографии, портрети во јасни и живописни бои дури и ноќе. Па така, не треба воопшто да се сомневате дали вашите фотографии или видеа од најлудата ноќ ќе испаднат добри, туку напротив – ќе бидат извонредни. Телефонот Galaxy S23 FE нека биде ваше вистинско студио во движење, каде што ќе ги уредувате вашите креации со напредни функции и ќе ги споделувате со светот.

Моќните перформанси на камерата не се единствените кои го прават Galaxy S23 FE феноменален избор за телефон, и секако за подарок. Неговиот моќен процесор со осум јадра е феноменален за гејмање и ќе ви овозможи беспрекорно играње игри и проследување содржини, а благодарение на системот за разладување, уредот останува ладен дури и во најдинамичните моменти.

Истовремено, долготрајната батерија од 4500 mAh гарантира дека вашиот уред е секогаш подготвен за нови авантури, додека динамичниот AMOLED 2X екран може да се пофали со технологијата Vision Booster, која автоматски ја прилагодува осветленоста на екранот според околината.

Отпорот на вода и прашина според стандардот IP68 го прави Galaxy S23 FE симбол на сила и издржливост – карактеристики за одличен подарок што ќе го придружува својот сопственик во различни околности и ситуации.

Но, обрнете внимание и на следново: Со овој подарок, вие не само што добивате премиум паметен телефон, туку учествувате и во напорите за зачувување на нашата планета, бидејќи Galaxy S23 FE е создаден од рециклирани материјали и пакување, што во денешно време го прави идеален гаџет за секој корисник кој се грижи и размислува за доброто на сите.

Една од 4-те прекрасни бои – глафитна, ментол зелена, виолетова и крем – во кои овој уред е достапен, сигурно ќе одговара на вашиот уникатен стил. А бидејќи поврзаноста постана императив во денешното модерно живеење, тука е функцијата Multi Control со која телефонот и сите други ваши Galaxy уреди како таблетот, часовникот и др., се врзани во Galaxy екоситемот што ви овозможува брза и лесна интеракција меѓу уредите, како и функцијата Quick Share задолжена за олеснително уредување на содржините и супербрз пренос помеѓу уредите.

За да FE искуството биде заокружено, тука се и слушалките Galaxy Buds FE, кои се незаменливи придружници во секојдневниот живот. Автоматското префрлување звук помеѓу различни уреди без рачни поставки овозможува непречено слушање музика или гледање видео содржини на различни уреди. А со функцијата SmartThings Find нема да ги изгубите омилените слушалки, бидејќи ќе можете лесно да ги лоцирате.

Во престојната празнична атмосфера исполнета со радости и подароци Galaxy S23 FE не е само паметен телефон, туку вистински избор за иновативен и модерен подарок, кој ќе биде вистинско Новогодишно изненадување за секого.

Но, дали можеби Дедо Мраз веќе пристигна?

Почнувајќи од 7 декември телефонот Galaxy S23 FE е во претпродажба кај нас и промотивно, со купување на овој уред, добивате фантастичен подарок – слушалки Galaxy Buds FE со кои корисничкото искуство со Galaxy S23 FE ќе ви биде комплетирано и поткрепено со фантастичен звук. Промотивниот перид на претпродажбата трае до 14 декември 2023, или до истршување на залихите. Повеќе информации прочитајте на следниот линк: https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-s23-fe/

 Зачекорете во Новата година со врвната технологија на Samsung.

Претходна статијаПет законски решенија од МИОА за РЈА и дигитална трансформација
Следна статијаСеавус едукативниот и развоен центар се ребрендира во глобална Qinshift Academy