Во моментов, еден од најдобрите и најпосакуваните уреди, несомнено е екосистемот на уреди на Samsung составен од паметните телефони со преклопување Samsung Galaxy Z Flip4 и Galaxy Z Fold4, безжичните слушалки Galaxy Buds2 Pro, како и паметниот часовник Galaxy Watch5. Сè на сè, овие уреди работат беспрекорно заедно и се привлечни поединечно. За неуморните работохолици совршен е Galaxy Z Fold4, додека за младите и енергични бунтовници, совршен избор е неконвенционалниот Galaxy Z Flip4.

Продуктивност и елеганција за секој

Galaxy Z Fold4 е вистинска машина во однос на продуктивноста, додека Galaxy Z Flip4 во своето преклопно издание носи моќни карактеристики во форма што лесно се вклопува во сечиј џеб, што секако е потврдено со наградата за иновации CES 2022.

Galaxy Z Fold4 го краси прекрасниот Dynamic AMOLED 2X 7,6-инчен екран со кој е лесно да се користат неколку апликации одеднаш, а кога е потребна брза реакција во движење, надворешниот екран од 6,2 инчи во секое време може да ја замени конвенционалната работна површина на која сте навикнати. Благодарение на моќниот процесор и брзината на освежување на екранот до 120 Hz, секоја апликација се отвора и се користи непречено, без запирање. За секој технолошки ентузијаст ова значи само едно – уживање.

Од друга страна, преклопливиот, малку помал, но сепак моќен Galaxy Z Flip4 носи сè што ви треба за да се покажете пред светот, заедно со неколку технолошки благодети. Благодарение на насловниот екран од 1,9 инчи, можете да направите селфи со задната камера за да ги зачувате најубавите спомени во најдобра резолуција. Неговите неутрални бои ќе им се допаднат и на мажите и на жените. Без сомнеж уред кој ќе остави впечаток каде и да се појавите.

Одличен звук

Сите, особено помладите, сакаат добри слушалки, а Galaxy Buds2 Pro е вашиот идеален избор за безжичен подарок. Со компактен дизајн и модерен изглед во специјална кутија за полнење, овие безжични слушалки со нивниот квалитет на звук Hi-Fi им овозможуваат на сите максимално да уживаат во омилената музика, без оглед на музичкиот вкус, особено се истакнува подлабокиот бас и прецизните високи тонови благодарение на двонасочни звучници. Ако сакате да слушате филмска музика, функцијата за звук 360 Audio го прави искуството уште пореално.

Сензор кој знае сè за вас

Сепак, и покрај целиот шарм на технологијата, здравјето не треба да се занемари. Технологијата прво не турна во седечки начин на живот, а сега ја исправа таа грешка. Со иновативниот BioActive сензор на паметниот часовник Galaxy Watch5, подготвени сте да започнете да живеете поздраво. Овој иновативен сензор го следи отчукувањата на срцето, дишењето и квалитетот на спиењето и одвреме-навреме дава „мал извештај“ за тоа како се чувствува вашето тело. Работи беспрекорно со остатокот од екосистемот на уреди и благодарение на богатиот избор на теми, можете да го персонализирате онака како што навистина сакате да изгледа вашиот часовник.

Нема повеќе изговори, оваа година создадете ја најдобрата верзија од себеси и надминете ги сите лимити!

Повеќе информации за производите на линковите подолу:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip4/

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold4/

https://www.samsung.com/mk/audio-sound/galaxy-buds/galaxy-buds2-pro-bora-purple-sm-r510nlvaeuc/

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch5-44mm-silver-lte-sm-r915fzsaeuc/

Претходна статијаВидео од претставувањето на „Compact Disc“ во 1982 година
Следна статијаДетските канали на Дизни сега се достапни и во Македонија преку Македонски Телеком