Фото: Brave

Brave прелистувачот се приклучува на трендот кој го постави Microsoft Edge и директно во самата апликација интегрира генеративна вештачка интелигенција, асистент наречен Leo.

Како и другите вакви решенија, Leo е тука да ги сумира веб страните кои се отворени во моментот, а истото може да го направи и за видео содржина, корисниците можат да поставуваат и прашања, да создаваат или да добијат помош со содржина и слично.

Leo е поставен во форма на лента која се наоѓа на десната страна од апликацијата, нешто слично како што е направен Bing во Edge. Достапен е за корисниците на Nightly верзијата од Brave, што значи дека е во почетна тест фаза и може да се очекуваат доста подобрувања додека им биде пуштен на сите корисници.

Llama 2 е јазичниот модел кој се користи за развој на Leo, кој е со отворен код и развиен од страна на Meta во соработка со Microsoft.

Brave посебно истакнуваат дека тие стојат целосно зад интеграцијата на моделот, а е направен целосно според нивните принципи на приватност за корисниците. Тоа значи дека нема чување на историја не претходни „разговори“ со Leo, а целиот разговор се брише штом се исклучи табот.

Корисниците не треба да се најават со било каква сметка, а тоа што го внесуваат како информација не се користи за тренирање на јазичниот модел.

Ваквите „алатки“ се нешто што веќе можеме да го очекуваме кај сите производи, без разлика од кого доаѓаат, па во годините што следат, ќе станат најнормален додаток за корисниците.

ИЗВОРgHacks
ИЗВОР 2Brave
Претходна статијаX ќе го промени форматот во кој се прикажуваат споделените статии на мрежата
Следна статијаСтудирајте со стипендија од 50% до 100% од школарината на Меѓународниот балкански универзитет
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.