Фестивалот БЕАМ, единствената платформа во Македонија која ги наградува најдобрите настани и ги истакнува најуспешните проекти во индустријата за настани, ги објави финалистите за оваа година.

Годинава на БЕАМ пристигнаа и квалитетни и иновативни проекти и професионално реализирани настани кои ја одразуваат динамиката и растот на индустријата. Финалистите се распределени во 10 категории, опфаќајќи културни и музички настани, корпоративни проекти, бренд активации, спортски и хуманитарни настани, како и конференции, што сведочи за разновидноста и креативноста во оваа сфера.

Жири комисијата е составена од докажани и искусни професионалци од областа на културата, креативните индустрии, маркетингот, продукцијата и live комуникациите. Оваа година тие се соочуваат со навистина тежок избор, бидејќи конкуренцијата е силна, а пријавените настани поставуваат нови стандарди во индустријата. Оценувањето се врши според однапред утврдени и јавно објавени критериуми.

„Не радува што оваа година имаме одлични апликации кои покажуваат високо ниво на иновативност и професионализам. Ова е доказ дека БЕАМ е платформата што недостасуваше во нашата индустрија. Жирито има сериозна задача да ги избере најдобрите, а ние со нетрпение ја очекуваме гала вечерта кога ќе ги прогласиме победниците,“ – изјави Маја Бабиќ, директор на БЕАМ.

Гала церемонијата и официјалното прогласување на победниците ќе се одржи на 4 март, на која ќе присуствуваат финалистите, клиентите, медиуми и истакнати личности од индустријата и јавниот живот. Оваа вечер ќе биде посветена на креативноста, иновативноста и високите стандарди во организацијата на настани.

Фестивалот БЕАМ започна во 2023 година како единствена платформа за валоризација на креативноста и извонредноста во индустријата за настани во Македонија. Со секое ново издание, БЕАМ поставува нови стандарди и ја истакнува важноста на настаните како клучен дел од современата комуникација, маркетинг стратегии и културниот развој. Фестивалот е место каде што креативноста, иновацијата и професионализмот добиваат заслужено признание.

ФИНАЛИСТИ

НАЈДОБАР КУЛТУРЕН НАСТАН

  • Bookstar Festival – Антолог – Боокс Дооел
  • Џез под ламба – Општина Центар
  • Замисли нов свет – Македонски Телеком АД Скопје
  • Светско првенство во Хип Хоп 2024 – Пипл Медиа Дооел Скопје
  • Мултимедијален настан „Синтеза„ – Маркетинг агенција Ефектива Скопје

НАЈДОБАР МУЗИЧКИ НАСТАН

  • 100 години Скопско – Публицис Груп

НАЈДОБАР ФЕСТИВАЛ

  • Gin Lane Festival – Боттега Евенти доо Скопје
  • Меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ – Маркетинг агенција Ефектива Скопје

НАЈДОБАР КОРПОРАТИВЕН НАСТАН

  • 5 години А1 Македонија – Меккен Дооел Скопје
  • Замисли нов свет – Македонски Телеком АД Скопје
  • Сцената е твоја – Годишен настан за стратегија 2024 – Македонски Телеком АД Скопје
  • Еден Ритам, Еден Тим! – Шпаркасе Банка АД Скопје
  • Халкбанк: Трајни културни вредности – Маркетинг агенција Ефектива Скопје

НАЈДОБРА КОНФЕРЕНЦИЈА

  • Прва Меѓународна коучинг конференција – Ад Вербум Доо Скопје
  • IFATCA European Regional Meeting SKOPJE 2024 – Здружение на контролори на летање
  • Конференција Наука за деца – Фондација Кантарот Скопје
  • Халкбанк: Чувари на мудроста – Маркетинг агенција Ефектива Скопје

НАЈДОБАР НАСТАН ЗА БРЕНД АКТИВАЦИЈА

  • 100 години Скопско – Публицис Груп
  • Од древни монети до финтек апликација – Финансиско Друштво Минт СН Доо Битола
  • Финале за сите навивачи – Публицис Груп
  • 10 години Iqos – Активација – Публицис Груп

НАЈДОБАР ЕКСПО (САЕМ) НАСТАН

  • Skopje Whiskey Fest 2024 – Боттега Евенти доо Скопје

НАЈДОБАР ХУМАНИРАТЕН НАСТАН

  • Повторно заедно – Аутизам ААМК
  • Хуманитарна аукција на уметнички дела – Шпаркасе Банка АД Скопје
  • ABILITY AWARDS – Абилитис Нет Дооел
  • Новогодишна магија – ВОРТЕКС ЕД ДОО Скопје

НАЈДОБАР НАСТАН НА ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА

  • Меѓународна регулаторна конференција – ИДЕА Плус 360° Комуникации Дооел Скопје

НАЈДОБАР СПОРТСКИ НАСТАН

  • Трчај Бе – Трчај Бе
  • Авицена Женска Трка – Сојуз на спортови на Скопје
  • Финале за сите навивачи – Публицис Груп
  • Halkeco Скопје Трча 10к – Сојуз на спортови на Скопје
  • Светско првенство во Хип Хоп 2024 – Пипл Медиа Дооел Скопје
  • Виз Ер Скопски Маратон – Сојуз на спортови на Скопје
Претходна статијаЕлон Маск ќе ја повлече понудата за преземање на OpenAI – но под еден услов
Следна статијаСо „PayByLink“ онлајн сервисот на НЛБ Банка е-трговиjата станува достапна за секој трговец