По најавата на Apple Intelligence минатата година, едно беше јасно, а тоа е дека од компанијата не планираат да пуштат на пазарот уште еден конкурент на ChatGPT. Функциите со вештачка интелигенција во главно се планира да бидат интегрирани во апликациите и сервисите, а тука е сѐ уште незавршеното унапредување на Siri.
Сепак, година дена подоцна, како и со се поголемите шанси да мора да заврши договорот со Google за Search, Apple изгледа дека сепак го менува до некаде правецот.
Според Марк Гурман, во неговиот стандарден неделен билтен, Apple уште на почетокот од годината го имаат формирано новиот тим наречен „Одговори, знаење и информации“.
Овој тим работи на развој на „четбот“ кратко кажано, односно нешто помала верзија од ChatGPT развиена со сопствени јазични модели. Овој „четбот“ наводно се планира да биде достапен како посебна апликација, но и ќе биде интегриран во делови како Spotlight, Messages, Lookup, па дури и Siri.
Ова може да значи дека развојот на сопствените јазични модели сепак не оди лошо, па од компанијата ќе можат да понудат нешто во нивни стил.
Повторно излегуваат информации дека од компанијата иако доцнат со одредени функции, тие на крајот повторно ќе бидат направени во стилот на Apple, односно со доста добра интеграција во системите и одлично корисничко искуство.