Фото: Apple

Како што очекувавме, по најавата од страна на Грег Џозвиак, Apple денеска ја претстави најновата надградба на нивниот MacBook Pro со 14 инчен екран. Овој лаптоп сега доаѓа со најновиот М5 чип од компанијата, а истиот донесува неколку подобрувања во споредба со М4. 

Apple со овој нов чип посебен акцент става на подобрувањата кои ги донесува за работа со вештачка интелигенција, односно машинско учење, големи јазични модели и слично. 

Според Apple, MacBook Pro со М5 доаѓа со 3,5 пати подобри перформанси за ВИ, заедно со 1,6 пати подобри перформанси кај графичкиот процесор. Графичкиот процесор, кој доаѓа со 10 јадра, доаѓа со „Neural Accelerator“, со што се постигнува и најавеното подобрување кај перформансите за ВИ во споредба со М4 чипот. 

Фото: Apple

Ова подобрување кога ќе се спореди со М1 чипот, изнесува дури 6 пати подобри перформанси за корисниците кои дури сега ќе се решат за купување на нов лаптоп. 

Процесорот кај М5 донесува 20% подобрување на перформансите во споредба со М4, а тука е и процесорот за вештачка интелигенција со 16 јадра, како и секогаш. 

Овој нов чип кај MacBook Pro донесува и побрза меморија, што дополнително влијае на перформансите, а тука е и побрзиот SSD диск. 

Apple за 14 инчниот MacBook Pro со М5 најавува и подобро траење на батеријата, па истата треба да издржи до 24 часа работа, а лаптопите од компанијата се познати по издржливоста дури и со посериозна работа. 

ИЗВОРApple
Претходна статијаMicrosoft најави дека „нешто големо доаѓа“ за Windows во четврток
Следна статијаSamsung и Street League Skateboarding го прошируваат партнерството за поддршка на глобалната скејт заедница
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.