Брендот на Android добива ново освежување, кое го добива на неколку години, а овој пат изгледа со пуштањето на Android 14 ова лето. Промената овој пат не може да се нарече баш голема и драстична, но е доволна за да се забележи, а посебно малата промена во начинот на пишување на името на системот.
Логото, кое до пред некое време беше препознатливо по „роботот“, а од него остана само главата, сега добива мало 3Д освежување. Конкретно, логото веќе нема да биде во една боја, односно нијанса и рамно, па тоа добива сенки, нијанси, што може да се каже дека повеќе „излегува“ од во видното поле.
Позабележлива е промената на начинот на пишување на името до логото, односно Android сега е напишан со голема почетна буква. Ова е доста мала промена, но привлекува поголемо внимание и за почеток изгледа чудно, сепак доста години Google користеше мала буква на почетокот од името.

Google делумно започна да ги користи овие промени уште од CES 2023, како и на I/O 2023, а се очекува дека официјално ќе бидат воведени со пуштањето на наредната верзија од системот, односно Android 14 ова лето.
Од компанијата ги потврдуваат промените за 9to5Google и истакнуваат:
„Прикажуваме некои елементи од нашиот нов идентитет на брендот на различни површини, вклучувајќи го нашиот штанд на CES од почетокот на оваа година и други материјали за кампања како дигитални и банер реклами. Ќе имаме повеќе да споделиме во наредните месеци.“