AMD ја претстави својата најнова серија на десктоп процесори, а од тоа што може да се види, тие продолжуваат да донесуваат одлична конкуренција на пазарот кој до пред некоја година беше доминиран во главно од Intel.

AMD Ryzen 7000 серијата повторно ќе му предизвика проблеми на Intel, па ќе видиме што ќе донесе наредната генерација на процесори од оваа компанија.

Ryzen 7000 е поголема надградба на процесорите од AMD, со целосно нова архитектура и процес на производство, па се до приклучокот за кого корисниците ќе мора да купат нови матични плочи.

Новата Zen 4 архитектура од компанијата истакнуваат дека ја донесува новата ера на високи перформанси за гејмерите, но и за ентузијастите кои составуваат самите компјутери и за креаторите.

Ryzen 7000 серијата е направена на 5nm процес од TSMC што ако се земе досегашното искуство, ова донесува големи очекувања кои од компанијата веќе ги подгреваат со неколку споредби и проценти.

AMD истакнуваат дека нивниот нов „најслаб“ процесор има подобри перформанси од моментално најдобриот од Intel, а за ова тврдење направени се неколку тестови со различни игри, каде Ryzen 7000 има предност од 5%.

Што се однесува до перформансите во споредба со претходната Ryzen 5000 серија, од AMD истакнуваат 13% повисок IPC, што во комбинација со повисоките мегахерци доведува до подобрување од 29% во перформансите на едно јадро.

Во новата Ryzen 7000 серија на десктоп процесори достапни се четири модели со следните карактеристики и цени:

Model Cores/Threads Boost/Base FrequencyTotal CachePCIe®TDPSEP (USD)
AMD Ryzen 9 7950X16C/32TUp to 5.7 / 4.5 GHZ80MB  Gen 5170W$699
AMD Ryzen 9 7900X12C/24TUp to 5.6 / 4.7 GHZ76MBGen 5170W$549
AMD Ryzen 7 7700X8C/16TUp to 5.4 / 4.5 GHZ40MBGen 5105W$399
AMD Ryzen 5 7600X6C/12TUp to 5.3 / 4.7 GHZ38MBGen 5105W$299
ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2AMD
Претходна статијаGalaxy Z Fold4 – Пристигна новиот наследник – ви ги откриваме клучните новитети на неверојатниот Galaxy Z Fold4
Следна статијаNetflix со реклами ќе чини од 7 до 9 долари и се очекува да биде пуштен до крајот на годината во десеттина земји
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.