Shutterstock.com

Претплатата за Netflix која треба да биде пониска од останатите поради прикажувањето на реклами изгледа ќе чини од 7 до 9 долари. Оваа информација се’ уште е неофицијална и ја објавува Bloomberg.

Според нивните информации, првите десеттина земји кои ќе ја добијат оваа нова претплата би требало да бидат објавени до крајот на годината, додека останатите идната.

Со оглед на тоа што Netflix нема исти цени во сите земји, доколку оваа претплата биде пуштена и во нашата земја, би требало да биде пониска, со оглед на тоа што моментално најниската претплата изнесува 8 евра, а највисоката 12. За споредба, корисниците во САД плаќаат 20 долари месечно за највисоката претплата.

Партнер во прикажувањето на реклами на Netflix официјално е избран Microsoft, а корисниците се најавува дека може да очекуваат до 4 минути реклами во еден час, барем на почеток.

Исто така, оваа претплата на корисниците ќе им донесе нешто помал избор на содржина за гледање, како и немање можност за зачувување на содржина офлајн за гледање без интернет конекција.

За разлика од порано Netflix сега има доста силна конкуренција, а дел од истата веќе нуди претплата со реклами, па очекувано е дека од компанијата ќе се одлучат за ваков потег.

Сервисот исто така за првпат пријави и пад на бројот на корисници, нешто што од компанијата ќе се обидат да го решат со ограничување на бројот на корисници кои ја делат истата лозинка, а не се од истото домаќинство.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаAMD ја претстави Ryzen 7000 серијата на десктоп процесори со големи подобрувања кај перформансите и големи ветувања
Следна статијаОдржливост преку издржливост: Samsung нуди 20-годишна гаранција за клучните компоненти на повеќето домашни апарати
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.