Растргнати меѓу секојдневните работни обврски, семејство, пријатели и мал милион попатни работи, неретко се наоѓаме во ситуација да кажеме „Како ли денов немаше 48 часа?“ Ефективното управување со времето е огромен бенефит, благодарение на кој ќе се чувствувате порелаксирано, фокусирано и под контрола. Токму затоа секоја помош од страна е повеќе од добредојдена.

Прашањето е како да стигнете да направите сѐ, без да го изгубите паметот? За почеток следете ги неколкуте едноставни совети за тоа како да работите паметно и да уживате во малку време за себе, сето тоа со поддршка на неверојатниот Galaxy S22 Ultra. Да, најдоброто од најдобрите е создадено да ви биде најголема помош и поддршка без разлика дали се наоѓате дома или на работа.

Тајната е во малите нешта

Секогаш барајте начин како да ги поедноставите своите задачи. Од зачувување на страниците кои редовно ги посетувате до поставување приоритети во вашето поштенско сандаче до овозможувањето AI да ги активира вашите омилени апликации веднаш на вашиот Galaxy S22 Ultra, можете да ги спречите нештата кои ви го крадат времето ако одиграте паметно. Galaxy S22 Ultra e дизајниран да ве поддржи дури и во најхаотичните денови со најновиот 4nm процесор во телефонот Galaxy. Овој процесор со својата најнапредна обработка на податоци со помош на вештачка интелигенција и механичко учење, Wi-Fi 6E, кој е дури двапати побрз од Wi-Fi 6, ви овозможува да зачекорите во светот на технологијата која нуди феноменално и сосема ново корисничко искуство ги извршува најнапредните процеси на вештачка интелигенција обезбедувајќи незаменливи перформанси за продуктивност во секој момент.

Одредете приоритетни обврски во списокот со задачи

Златното правило гласи – Запишете сѐ што треба да направите, а потоа заокружете ги најитните задачи и започнете оттаму. Ако чувствувате дека вашиот список со задачи е бескраен, а единствениот начин како би постигнале сè е да се клонирате, потребна ви е добра стратегија. Направете листа со обврските и размислете дали некои од задачите се поврзани едни со други? Дали е возможно завршувањето на една работа да помогне во олеснување на следната? Или можеби можат да се завршат истовремено? Што мора да се направи денес, а што може да се остави за утре? Давањето приоритет на вашите задачи ќе ви помогне поефикасно да ги завршите. Тука на сцена настапува вашиот најдобар пријател S22 Ultra – Забележете потсетници за себе со S Pen на Galaxy S22 Ultra. Благодарение на подобрената брзината на обработка на податоците кои S Pen ги запишува на екранот и зголемената чувствителност на екранот речиси и да нема доцнење во обработката на податоците кои се пишуваат со новиот S Pen. Подобреното пенкало се движи како мастило по хартија врз три пати почувствителниот екран, претворајќи ги сите набрзина напишани обврски во читлив текст.  Што значи ова? Повеќе минути во вашиот ден!

Поставете тајмери за полесно следење

Некои задачи изгледаат бесконечно, па затоа за поапстрактните обврски, како што е „средување на дневната соба“, обидете се да поставите тајмер користејќи го вашиот Galaxy S22 Ultra. Треба да подготвите презентација? Поставете тајмер за онолку време колку што сакате да ѝ посветите на таа задача. Откако времето ќе истече, одете на следната задача. Ова е истовремено и одличен ментален трик што ќе ви помогне да бидете ефективни, плус ќе се чувствувате задоволни бидејќи имате точен план како да ги завршувате обврските. Потсетник во календарот исто така нешто кое ќе ви помогне секогаш да бидете навреме на договорените места.

Почитувајте го времето за себе

Закажување на времето за себе (и придржувањето до него) е неопходен чекор кај грижа за себе и помага да ги избегнете можните оптоварувања. Започнете со едноставно блокирање време во вашиот календар за мали лични работи, како на пример, масажа на лицето дома или започнување со читање на книгата која ја одложуваш. Посветете си го себеси истото внимание што го применувате на работата, обврските и на семејството. Време за омилените филмови и серии? Со 6,8-инчен Dynamic AMOLED 2X екран, кој обезбедува сеопфатно искуство и ги прикажува дури и најмалите детали појасни од кога било со максимална осветленост од 1750 nits. За да бидете сигурни дека имате совршен приказ на екранот на вашиот телефон во секое време, Samsung се погрижи овој телефон да има и Vision Booster технологија, која му овозможува на екранот интелигентно да го приспособува осветлувањето во текот на денот. AMOLED екранот на Galaxy S22 не само што го прави идеален за гледање на отворено, туку обезбедува и подобра заситеност на боите. Гледањето филмови во градината повеќе не е невозможна мисија! Поттикнување на креативноста? Благодарение на Expert Raw, S22 Ultra ви овозможува џебно уметничко студио – носејќи го професионалниот режим на повисоко ниво. Преземете ја Expert RAW за целосна контрола врз сликите, зачувајте ги RAW датотеките директно во Галерија. Фино приспособете ги кадрите на телефонот или испратете ги на компјутерот или таблетот и уредувајте на поголем екран.

Создадете единствена рутина и држете се до истата

Рутините му даваат повеќе значење и урамнотеженост на животот. Без разлика колку сте креативни, потребен е ред и рутина како не би се изгубиле во хаосот. Создадете систем кој најдобро ви одговара вам и придржувајте се на методите што ќе ви помогнат да ја завршите работата ефективно, но истовремено и да заштедите малку време за себе.

Повеќе информации за овој телефон можете да погледнете на https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s22-ultra/

Претходна статијаGalaxy Fold4 треба да биде нешто помал и потенок со што овој уред ќе стане многу попривлечен за корисниците
Следна статијаЕко-акција на волонтери од Македонски Телеком за позелени и почисти урбани средини