Веќе неколку години се пишува на тема за интернет безбедност и лозинките кои се користат за онлајн сметките, како едни од основните и клучни работи кога е во прашање безбедноста. Колку пати можевме да прочитаме дека огромен број на корисници користат едноставни лозинки како најпознатата „123456“ или „password“.

Со оглед на тоа колку во денешно време масовно се користи интернетот од секакви уреди и од сите категории на корисници, човек ќе помисли дека корисниците сепак нешто повеќе ќе се грижат за својата приватност и безбедност.

Сепак, тоа продолжува да не е случајот, па повторно листата на најлоши лозинки покажува дека корисниците едноставно не ги менуваат навиките.

Листата ја прави компанијата SplashData, а лозинките ги собира од датотеките кои се составени од украдени лозинки во текот на годината. Листата за 2018 година е следна:

  1. 123456
  2. password  
  3. 123456789
  4. 12345678
  5. 12345
  6. 111111
  7. 1234567
  8. Sunshine
  9. qwerty
  10. iloveyou
  11. princess
  12. admin
  13. welcome
  14. 666666
  15. abc123
  16. football
  17. 123123
  18. monkey
  19. 654321
  20. !@#$%^&*
  21. charlie
  22. aa123456
  23. donald
  24. password1
  25. qwerty123

Од SplashData истакнуваат дека корисниците покрај тоа што ги користат цело време некои од најпознатите лоши лозинки, тие користат и познати имиња, како и стандардни шеми на тастатурата. Хакерите потоа многу лесно успеваат да влезат во огромен број на сметки, без потреба од голем труд.

Од компанијата исто така истакнуваат дека нивните проценки кажуваат дека скоро 10% од сите луѓе имаат користено една од лозинките на листата со 25 лозинки, додека 3% од луѓето ја имаат користено убедливо најлошата лозинка „123456“.

ИЗВОРSplashData
ИЗВОР 2MacRumors
Претходна статијаВештачката интелигенција и останатите нови технологии се најголемата закана за САД според разузнувачките агенции
Следна статијаWindows Sandbox ќе овозможи безбедно тестирање на непознат софтвер
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.