Shutterstock.com

Домените почнаа да имаат нестандардни додатоци, покрај .com, .net, .biz и слични, но сепак задржаа една основна работа која е карактеристична за нив. Тие опишуваат за каква веб страна се работи и ништо повеќе.

Google минатата година почна да го користи .new доменот којшто ја менува оваа основна карактеристика и им овозможува на корисниците да извршат одредена активност која ќе им скрати неколку кликови и време.

Пример за тоа како Google го замислува овој домен и како ги користи се docs.new, преку што веднаш се креира нов документ на Google Docs и мислам дека ја разбирате логиката зад овој .new домен.

Почнувајќи од декември, Google ќе им овозможи на сите да можат да регистрираат сопствен .new домен и да им овозможат на своите корисници полесен пристап до нивните сервиси.

Пример за таков домен од сервис кој не е од Google е playlist.new со чие отворање веднаш може да се креира нова листа со музика на познатиот, но за жал кај нас недостапен, сервис Spotify.

Едно правило корисниците мора да го почитуваат доколку сакаат да продолжат да го користат регистрираниот .new домен, а тоа е тој да води до одредена активност и да не се користи само како „интересен“ домен за било што друго.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаHuawei Nova 5T со пет камери со вештачка интелигенција достапен на македонскиот пазар
Следна статијаБизнис на интернет: Онлајн простор за вашата компанија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.