Shutterstock.com

Центарот за сајбер безбедност на Huawei во Брисел сака да докаже дека не постојат “скриени врати” за продуктите на компанијата.

Целта на центарот, кој беше отворен во март годинава, е да создаде доверба. Сѐ уште постојат луѓе кои се против уредите на Huawei т.е. не веруваат во нивната безбедност.

 „Довербата треба да се заснова на факти, фактите мора да се проверат, а проверката да се заснова на заеднички стандарди. Ние веруваме дека ова е ефикасен модел за градење доверба во дигиталната ера“, категоричен е Кен Ху, заменик претседателот на гигантот.

Вратите на лабораториите во центарот се отворени за секого. Може да се прават тестови и проверки на нивните продукти засновани на индустриските стандарди.

Huawei е првата компанија која овозможи надворешен пристап до нивниот изворен код. Оттаму изјавија: „ќе направиме сѐ што е потребно за да изградиме доверба, сѐ додека правилата важат и за нашата конкуренција“.

Битката помеѓу телекомуникациските компании за поставување на 5G мрежата продолжува. Покрај тоа што некои држави сметаат дека Huawei претставува закана за националната безбедност, тие успеаја да потпишат 60 договори за поставување 5G мрежа со големи телекомуникациски компании низ светот. Тоа го става Huawei на второ место зад ривалот Ericsson со 76 договори.

Од почетокот на годината, Huawei се повеќе испраќа работници во Брисел, со цел да ги побијат гласините и да воспостават подобра комуникација со тамошните власти и медиумите.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.