Новиот Microsoft Edge направен на основа на кодот од Chromium проектот, на чија основа е направен и Google Chrome, е достапен веќе неколку месеци, па секој кој сакаше да го проба овој нов прелистувач, тоа можеше слободно да го направи.

Сепак, достапните верзии беа од Canary и Dev „каналите“, па тие се во главно наменети за програмерите, добиваат чести надградби и можни се одредени проблеми, па не се препорачани за секојдневна употреба.

Бета верзијата е таа која, иако не е финалната верзија, е погодна за користење од страна на сите корисници и ги има повеќето функции кои ќе бидат дел од финалната верзија. Оваа верзија конечно е достапна за симнување, па сите кои досега го немаат пробано новиот Edge, тоа сега послободно можат да го направат.

Бета верзија е достапна на следниот линк: https://www.microsoftedgeinsider.com/en-us/download .

Работата на Microsoft Edge е донесена до ниво кое веќе овозможува тој да се користи како главен прелистувач. Повеќето функции кои треба да бидат дел од него се имплементирани, иако остануваат уште неколку кои ќе бидат дел од финалната верзија. Истата не е познато кога ќе биде пуштена, но штом се стигна до бета, се очекува тоа да биде во месеците што следат.

За разлика од верзиите наменети за програмерите, кои се надградуваат секој ден, односно секоја недела, бета верзија ќе добива надградби на секои 6 недели, како што ќе биде и случајот со финалната верзија.

Една функција која во последно време е доста популарна кај одредени прелистувачи како Brave, кој исто така е направен на Chromium, како и кај Firefox, е заштитата од „тракери“. Во Edge истата уште не е стандардно вклучена, па тоа може да го направите преку менување во Enabled опцијата на следниот линк:

edge://flags/#edge-tracking-prevention

По вклучување на оваа опција, Edge треба да се рестартира, по што во Privacy делот од Settings ќе бидат достапни три нивоа на блокирање, односно заштита од тракерите.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаСо помош на Фондот за Иновации, Пакомак е првата македонска компанија која го воведува светскиот тренд во рециклирањето –повратни вендинг машини за пластични шишиња и лименки
Следна статијаFacebook ќе овозможи контрола врз веб страните и апликациите кои споделуваат информации за нас со оваа мрежа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.