Фото: Tesla преку: The Verge

Автомобилите од таканаречената „pickup“ категорија може слободно да се каже дека кај нас не се воопшто популарни, за разлика од САД каде што има огромен пазар, а посебно во местата надвор од поголемите градови.

Еден електричен „pickup“ сигурно би имал огромна популарност и продажба, а посебно кога компанијата која би го продавала е Tesla на Елон Маск.

После повеќе години на најави и очекување на Tesla да претстави еден ваков модел, Маск излезе на Twitter со најава дека Cybertruck, како што ќе биде наречен автомобилот, ќе биде претставен на 21 ноември во просториите на компанијата.

Еден од најголемите производители во оваа категорија е Ford, а нивните модели сигурно ги имате гледано во многу филмови. Од нив исто така се очекува да го претстават својот прв целосно електричен „pickup“, најверојатно истиот ден како Tesla.

Според најавите од Елон Макс годинава, Cybertruck може да се очекува да може да помине повеќе од 600 километри со едно полнење, а тоа не е воопшто чудно со оглед на тоа дека се работи за поголем автомобил кој ќе може да собере нешто поголеми батерии.

Цената по која би требало да се продава автомобилот почнува од 50.000 долари, но истата секако официјално ќе биде објавена при неговата презентација.

Како и секогаш, се што се претставува од Tesla го привлекува вниманието секаде во светот, па и нас не интересира каков ќе биде овој најнов автомобил од компанијата.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаНаучниците со помош на вештачката интелигенција го разбраа бебешкото плачење
Следна статијаКако да го одберете идеалниот стан за живеење?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.