Засновајќи се врз вистинита приказна, серијата во шест дела Сите нејзини тајни се одвива во Сиднеј, иако вистинитите настани се случуваат во Нотингем. Дејствието се заснова врз животот на Аби Хамфрис која била киднапирана како бебе.

Имено, две бремени жени се среќаваат во една продавница надвор од Сиднеј. Тие двете се сосема спротивни, водат различни животи, а опасните тајни што ги кријат би можеле да уништат сѐ што сакаат тие.

Жената според чиј живот се заснова серијата, Аби Хамфрис, ја гледала серијата, не знаејќи дека дејствието се заснова врз нејзината животна приказна.

„Родителите ми раскажуваа за тоа додека растев, но не сѐ одеднаш. Малку по малку ми ја раскажаа приказната за тоа како сум била киднапирана како бебе“, рече Аби. Иако гледањето на оваа трилер серија било емотивно искуство за целото нејзино семејство, сепак не било страшно. „Искрено, мислам дека тоа е кул“, заклучи Аби.

Во главните улоги се две одлични актерки – Лора Кармајкл („Downton Abbey“) и Џесика Де Гау („Круна“) во улогите на Агата Фајфл и Меган О’Шонеси.

Психолошката трилер серија Сите нејзини тајни гледајте ја на Pickbox NOW.

Претходна статијаАжурирањето на Huawei Watch GT 2 Pro овозможува постојано следење на сатурација на кислород во крвта
Следна статијаProject Taara од Alphabet ќе обезбедува брз интернет пристап користејќи светлосни зраци без кабли