Неверојатни вести доаѓаат од Pickbox – доаѓаат нови скандинавски ноар серии од популарниот стриминг сервис Viaplay. Од 1 декември гледајте еден куп нови серии, крими, драма, романтика, а доаѓаат и историски документарци. Ќе издвоиме само некои од сериите кои доаѓаат од понудата на Viaplay Select, како што е данската крими серија Се надеввам дека среќно стигна дома (Where Were You?), норвешката крими серија Фенрис: Големиот волк (Fenris) и шведската драмска серија Хармоника (Harmonica).

Данската крими серија Се надеввам дека среќно стигна дома (Where Were You?)

Данската крими серија Where Were You (2022 – ) е сосема свежа и интригантна нова серија. Во фокусот на приказната е 16-годишната Луис (Филипа Наварана) чиј живот се превртува наопаку кога нејзината најдобра пријателка Моника (Маја Ида Тиле) во нивното средно школо ќе ја силува непознат напаѓач. Луис е одлучна да го најде силувачот, но работата се компликува кога излегува дека се работи за Таис (Вилмер Трир Богер) во кого таа е тајно вљубена. Серијата е трогателен и напнат портрет на времето во кое се спојуваат пријателствата, сексот, општественото наследство и соништата за иднината.

Оваа напната данска серија на многу интересен начин прикажува како влијае злосторството врз група пријатели и нивното школо, како гласините се шират со брзина на молња, а и нè потсетува на фактот дека не одлучуваш секогаш кога ќе пораснеш.

Норвешката серија Фенрис: Големиот волк (Fenris)

Интензивната и атмосферична драмска крими серија Fenris (2022 – ) се врти околу исчезнувањето на едно дете од мал норвешки град кој се наоѓа на границата со Шведска, и познат е по тоа што во него живеат волци. Кога момчето ќе исчезне, веднаш почнуваат гласините дека за тоа се одговорни волците. Биологот Ема Саломонсен (Ида Елисе Брох), која е таму во посета, ја открива крвавата јакна на момчето во куќата на својот татко Мариус (Магнус Крепер: ‘Кралица на срцето’), контроверзен истражувач на волци – а кога и Мариус ќе исчезне, Ема е присилена да се потпре на своите инстинкти и разбирање на волците за да ја открие мрачната вистина.

За улогата на Ема, норвешката актерка Ида Елисе Брох кажа:„Бев целосно обземена кога првпат го прочитав сценариото. Беше толку возбудливо што едноставно не можев да се оттргнам од него. Ема е енигма, таа е непристапна и многу комплексна.

Шведската драмска серија Harmonica (Хармоника)

Шведската драмска серија Harmonica (2022 – ) се врти околу брачниот пар Хари (Јонас Карлсон) и Моника (Жозефин Борнебуш). Имено, пред шеснаесет години, Хари и Моника живееле со блескав живот свирејќи во големи арени со својот бенд “Хармоника“. Сега нивниот брак е во криза, а кога им е понудена носталгична турнеја, Моника му поставува ултиматум на Хари. Турнеја или развод. Интересна, автентична и свежа, новата шведска серија Harmonica секако е наша препорака.

Еден куп нови скандинавски серии, а и многу повеќе од тоа, гледајте од 1 декември на Pickbox NOW, во категоријата Viaplay Select.

Претходна статијаНеофицијален пример од камерата на Galaxy S23 Ultra најавува големо подобрување на квалитетот на сликите кај оваа серија
Следна статијаИстражување на Телеком за е-спорт ентузијастите: Играњето видео игри поттикнува стратешко размислување, социјализација и креативност