Препорака на SF книга: Agents of Dreamland

Митосот на Ловкрафт, вметнат во модерна СФ хорор/трилер приказна. Вреди да се прочита

Наслов: Agents of Dreamland
Жанр: научна-фантастика
Автор: Caitlin R. Kiernan
Инспирација: H.P. Lovecraft, неговата кратка приказна од 1931 The Whisperer in Darkness. Можеби и X-Files?
Формат: ~120 страни

Само што ја завршив Agents of Dreamland.

Ако сте ја читале гореспомената приказна на Ловкрафт, би очекувале космичка загатка од повеќе делови кои низ текот на книгата пополека ќе ја откривате преку три различни карактери – владин агент кој пробува да разбере што се случува, агент од друга владина агенција кој патува низ времето или може да види минато/иднина (не е баш најјасно), и млада девојка која е жртва на член на апокалиптичен култ Children of the Next Level.

Станува збор за „не-линеарна“ приказна во која авторот те шета низ различни периоди и ликови за на крајот да ви ја открие големата слика. Постојано ги осеќате познатиот Lovecraftian ужасност и клаустрофобија, знаеш дека се веќе присутни околу тебе на секоја страна, но не ви е јасно од каде потекнува опасноста. Еден spoiler збор: Mi-go.

Во 100-тина страни очекувано нема длабока разработка на карактерите и фокусот е целосно на сржта на приказната и атмосферата, па можеби и тоа е добро. Стилот на пишување на авторот е одличен и ќе ве вози до крај. Веднаш ме заинтересира што има заедничко апокалиптичен култ, сателит кој залутува од патот накај планетата Плутон и двајца агенти од различни тајни државни служби. Крајот – или поточно недостаток на „очекуван финиш“ – може да разочара некои читатели но што е тука е.

Буквално земен е митосот на Ловкрафт и вметнат во модерна СФ трилер приказна. Кога и ја раскажував книгата на девојка ми ја потсети малку приказната и на филмот Annihilation што мислам е уште еден плус.

Сумирано:

Култ? Check.
Научна фантастика елементи? Check.
Апокалипса? Check.
Body хорор? Check.
Ловрафт митос? Check.

Во најмала рака, гарантирам дека ќе имате забавни 3-4 саати. Генерална оценка: 3.5/5 – препорачливо, одлично напишано, мрачно СФ дело; приказната дефинитивно има потенцијал за поголема разработка.

Претходна статијаSkype се приклучи на апликациите кои овозможуваат промена на позадината за време на видео повик
Следна статијаLG Velvet со ново најавениот дизајн од компанијата ќе биде претставен на 7-ти мај
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.