Бројни нови серии и фантастични филмови доаѓаат во септември на стриминг сервисот Pickbox NOW. Од серии како шармантната италијанска криминалистичка комедија и британската криминалистичка серија Инспекторката Реј, до норвешката црна комедија Архитектка и филмови како култниот Астерикс и Обеликс и Добродетел со Ричард Гир во главната улога, еве што истакнуваме од новата содржина на која ѝ се радуваме.
Викај ме тато (Murders at BarLume) – шармантна италијанска серија
Италијанската криминалистичка комедија Викај ме тато е нова серија којашто ќе ве заинтригира. Дејството е сместено во мало италијанско гратче на тосканската ривиера, а во фокусот на приказната е Масимо, сопственик на бар. Покрај водењето на барот, Масимо ѝ помага на детективката Фуско да решава бројни злосторства. Оваа шармантна италијанска серија, преполна со интересни ликови и мистериозни злосторства, доаѓа на 1 септември.
Инспекторката Реј (DI Ray) – британска криминалистичка серија
Новата британска криминалистичка серија Инспекторката Реј ќе ги воодушеви сите обожаватели на криминалистичкиот жанр. Дејството се врти околу детективката Реј која работи во полицијата на Бирмингем. Таа е паметна, дрска и цврста, и штотуку добила унапредување. Реј презема случај кој ја принудува да се соочи со личните проблеми. Со свежа перспектива, оваа серија носи интересна приказна којашто ќе ги воодушеви гледачите. DI Ray доаѓа на 8 септември.
Архитектка (The Architect) – европски скапоцен камен во рувото на норвешка мини серија
Архитектка е норвешка мини серија, црна комедија за сите обожаватели на квалитетни европски серии. Кога проектот за изградба на илјада станови во Осло е објавен на конкурс, архитектката Џули има идеја: зошто да не ги претвори празните подземни паркинзи во станбени згради? Ова е мрачна, остро набљудувана сатира за премногу блиската иднина. Норвешката серија доаѓа на 11 септември.
Исчезната (The Missing) – шведска криминалистичка мини серија
Извонредната шведска мини серија Исчезната се врти околу полицајката Маја Силвер од полицискиот оддел за национални операции во Стокхолм. Поради големата желба повторно да се сретне со својата ќерка Ребека, таа се враќа во малото гратче кое еднаш го напуштила. Кога една девојка е најдена убиена среде шведскиот библиски појас, Маја се вплеткува во интензивна потрага по вистината. The Missing доаѓа на 29 септември.
Астерикс и Обеликс во Британија (Asterix at Obelix: God Save Britannia) – култен филм
Астерикс и Обеликс во Британија во режија на Лорен Тирард, е четвртото продолжение во серијалот на култни филмови за Астерикс. Јулиј Цезар доаѓа во Британија, каде што едно мало село и понатаму храбро им се спротивставува на римските легии. Но ситуацијата станува критична и на селаните им се загрозени животите. Еден од селаните бара доброволци да одат да побараат помош од нивниот втор роднина Галот Астерикс и да донесат буре со „волшебна напивка“ од бретонското село на нескротливи херои. Овој култен филм доаѓа на 11 септември.
Ноќ во старо Мексико (A Night In Old Mexico) – вистинска вестерн авантура
Вестерн авантура со Роберт Дувал и Џереми Ирвин во главните улоги. Откако е принуден да го продаде својот семеен ранч на претприемачи, финансиски слабиот, но гордиот постар граѓанин и неговиот отуѓен внук, се наоѓаат на мета на дилери на дрога во потрага по исчезната торба со пари. Ноќ во старо Мексико доаѓа на 22 септември.
Добродетел (The Benefactor) – Ричард Гир во улога на мрачен филантроп
Извонредниот драмски филм Добродетел доаѓа на 22 септември. Во главните улоги се Ричард Гир и Дакота Фенинг, а дејството се врти околу еден остарен филантроп кој повторно се среќава со бремената ќерка на своите блиски пријатели кои трагично загинале во несреќа за којашто тој се чувствува одговорен. Неговите внатрешни демони го натерале на злоупотреба на дроги поради што повторната средба помеѓу ќерката и нејзиниот маж станува напната. Неговата приказна е раскажана преку спомените за денот на трагичната несреќа.
Винсент и Рокси (Vincent N Roxxy)
Криминалистичкиот трилер Винсент и Рокси со Емил Хирш и Зои Кравиц во главните улоги доаѓа на 22 септември. Дејството се врти околу Винсент, осаменик од мал град, и бунтовната панк рокерка Рокси. Тие двајца неочекувано се вљубуваат додека се принудени на бегство и набрзо откриваат дека насилството ги следи насекаде.