Има посебна убавина во најава на овој настан….ТЕГЕТ. Нашите Благојче Томевски – бас кларинет, Нинослав Спировски – тенор и сопран саксофон, Филип Букршлиев – гитара, Влатко Јаневски – бас гитара, Дарио Циевски – тапани, Дориан Јовановиќ – бас, Никола Коџабашија – клавијатури, Александар Поп Христов – коментаристичка гитара, Пано Панче Бујуклиев – електроника. Од сите страни на светот, секој со својот инструмент, секој со својата оргиналност и уникатност, заедно во нашето Скопје, на иста сцена, во име на и за музиката.
На прашањето зошто ТЕГЕТ, Никола Коџабашија вели:
„По созрцанието на АЛШАР ансамбл од 80-тите и 90-тите години, фурешкум, произлезе потреба за нов еклектичен музички вознеж. Тој се манифестира апансас како нова ТЕГЕТ варијациа на Белите мугри.”
Веруваме дека овој настан ќе ја збогати националната музичко-културна архива, и ќе даде свој придонес за македонската музичка и културна сцена, воопшто.

За рамнодушност нема место. Примамливо зa секого, а особено за музички едуцираната публика, овој приказ на креативноста, интуитивноста, амбицијата, упорноста и желбата за креација, за создавање нешто ново, носи надеж дека ќе инспирира и мотивира многумина понатаму.
Да нурнеме заедно во светот на ТЕГЕТ, да ја исполниме оваа вечер со музика, емоција, енергија и да создадеме незаборавно доживување во вторник на 09.09.2025 во Кино Фросина (МКЦ), со почеток во 21.00 часот. Не пропуштајте.
Билети во продажба на www.mktikets.mk по цена од 500 МКД.