Уште од 2019 стана познато дека одличната Stranger Things серија на Netflix ќе има и четврта сезона. Истата најверојатно ќе беше достапна минатата година да не беше корона кризата која го одложи снимањето.

Минатата година го видовме и првиот трејлер за серијата, а сега Netflix го пушти и вториот после подолго време. Се’ уште не е познато кога може да ја очекуваме новата сезона, но можеме да се надеваме дека тоа ќе се случи во јули, како претходната.

Од трејлерот не може многу да се дознае за новата сезона, а истиот се концентрира на минатото на „Eleven“. Може да се забележи дека е можно воведување на нов лик кој ќе има моќи, но останува тоа да се види кога ќе биде пуштена сезоната.

Претходна статијаФИТР и Семос Едукација: Бесплатни обуки за 1000 лица за вештачка интелигенција
Следна статијаПаметните домови како наша сегашност и иднина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.