Британските крими серии Подобро и Правила на играта, сериите за вистински криминал и филмовите По стапките на убијците, Банкротираниот милијардер и Фудбалерот, неговата жена и сообраќајната несреќа, како и двете нови серии Лив Улман: Патот по кој поретко се патува и Лото милионери – сето тоа се мајските новитети на Pickbox NOW. Еве што сè треба да знаете за овие нови возбудливи серии и филмови.

ПРЕМИЕРИ НА БРИТАНСКИ СЕРИИ

Подобропремиера на 5 мај

Откако син ѝ за малку ќе умре, корумпираната полициска детективка Лу Слак (Лејла Фарзад) се обидува да се искупи за своите гревови и да му побегне на полковникот Мекхју, моќен криминалец за кого работела.

Ова е приказна за епската борба на една жена кон искупувањето, враќањето на честа и искреноста кои му ги предала на еден маж пред многу години. Полициска серија со комплексни и интересни ликови ќе ве воодушеви со прекрасни неочекувани пресврти. Ако сакате жестоки криминалистички серии – Подобро е вистинска серија за вас.

Правила на играта – премиера на 15 мај

Одличната трилер серија Правила на играта се врти околу семејната компанија „Флај Динамикс“. Сем (Максин Пик), која таму работи од својата 16-та година, наоѓа мртво тело на подот на предворјето. Кога Меј (Раки Тракрар) доаѓа на местото директорка за човечки ресурси, полека открива дека во таа компанија нема ништо среќно ни здраво.

Додека полицијата ја испрашува Сем, во ретроспективните сеќавања на различни точки од нејзината кариера, добиваме чувство за работно место кое не е ни приближно пријатно како што изгледа, преполно со свесно или несвесно грабливи мажи, прикриени и неприкриени непријателства меѓу жените кои на различни начини се уплашени, бесни, во одрекување, а понекогаш и сите три работи. Со динамичен заплет, серијата поставува прашања за мизогинијата, разликата помеѓу самоодржувањето и учесништвото, кои се правилата на играта, како и за тоа дали жените некогаш можат да победат.

ВИСТИНСКИ КРИМИНАЛ

По стапките на убијците – премиера на 8 мај

Документарната серија По стапките на убијците ќе ве одведе во вистинските злосторства како никогаш досега. Ѕвездата на серијата Тивкиот сведок Емилија Фокс и врвниот британски криминолог професорот Дејвид Вилсон, се обидуваат да ги решат најужасните британски убиства во оваа единствена криминалистичка серија. Истражен како документарец и снимен како драма, ова е сосема нов телевизиски хибрид во кој во секоја епизода се решава нерешено убиство.

Банкротираниот милијардерпремиера на 12 мај

Документарниот филм Банкротираниот милијардер е приказна за човекот кој го персонифицираше процутот на Ирска, а потоа и нејзината пропаст. Шон Квин беше најголемиот светски губитник во глобалниот финансиски колапс во 2008 година. Го прокоцка своето деловно царство на една инвестиција и загуби сè. Но тој сака сè назад. Без оглед на цената. Осврнувајќи се на својот неверојатен подем и пад, зборовите на бившиот најбогат човек во Ирска одекнуваат низ целата куќа: „Правев грешки. Најголемата беше што вложив во банка“.

Фудбалерот, неговата жена и сообраќајната несреќа – премиера на 22 мај

Ема Семјуел го сакала својот маж, но никогаш не знаела кој е тој, сè досега. Лојд Семјуел бил дел од првата група играчи кои имале корист од големите телевизиски зделки кои доведоа до подем на Премиер лигата. Младите играчи влегоа во играта неподготвени и неупатени во тоа како да постапуваат со своето богатство.

Фудбалерот, неговата жена и сообраќајната несреќа опишува како фудбалскиот сон на Лојд станал ноќна мора, додека коцкарските долгови, повреди и семејните напнатости избиваат во прв план. Вдовицата на Лојд, Ема, ќе открие како – по смртта на Лојд во 2018 г. кога неговиот Ренџ Ровер се судрил со комбе и се запалил, убивајќи го на лице место – открила не само дека тој сериозно лошо управувал со своето богатство, туку и дека имал друг таен живот. Со ексклузивен пристап до Ема Семјуел и луѓето кои од прва рака го доживеале тој период, овој дводелен документарец ја открива вистината зад оваа неверојатна приказна.

УШТЕ НОВИ СЕРИИ

Лив Улман: Патот по кој поретко се патува – премиера на 18 мај

Оригиналната мини серија на „Вијаплеј“, Лив Улман: Патот по кој поретко се патува е интимен портрет на една од најголемите норвешки и европски филмски актерки и муза на Ингмар Бергман. Улман на 25 март ја доби почесната награда на Академијата како признание за долгата кариера како актерка, режисерка, сценаристка и активистка, во текот на која работеше со великани како што се Ингмар Бергман, Ричард Атенбороу и Теренс Јанг. Серијата на англиски јазик ја креираше Дираџ Аколкар, кој соработувал со Улман на фалениот игран филм ‘Лив и Ингмар’.

Лото милионерипремиера на 19 мај

Доаѓаат третата и четврта сезона на фалената и популарна серија на ББЦ, Лото милионери. Кога сопствениците на одгледувачница на кучиња ќе објавата дека ја продаваат компанијата на поголема компанија, вработените се разочарани кога ќе сфатат дека можат да останат без работа.

Бидејќи иднината на тимот е доведена во прашање, неделната лотарија изгледа како нивен единствен спас. Кога пријателите ќе ја проверат својата среќна карта и кога апаратот ќе се вклучи, тие се воодушевени! Но дали сè е така како што изгледа и дали нашиот синдикат ќе го добие она што му припаѓа? Сместен помеѓу Јоркшир и Монако, гледаме како нашите одгледувачи на кучиња ги трошат сите пари што ги поседуваат за да може правдата да биде задоволена.

Претходна статијаКаСис е ко-организатор на првата регионална конференција на European Woman Payment Network во Југоисточна Европа
Следна статијаGoogle работи на автоматско одобрување на CAPTCHA во Chrome