Британската драмска серија Љубов и храна (Delicious) на Pickbox NOW пристигнува на 8 февруари. Со Дон Френч, Емилија Фокс („Silent Witness“) и Лејн Глен („Game of Thrones“) во главните улоги, оваа одлична драмска серија со елементи на комедија се врти околу кулинарството.

ЗА ШТО СЕ РАБОТИ?

Сем (Емилија Фокс) е готвачка и е во брак со славниот готвач и сопственик на хотел, Лео (Иан Глен). Но Сем се сомнева дека нејзиниот сопруг Лео ја изневерува. Таа бара совет од поранешната сопруга на Лео, Џина, не знаејќи дека Лео баш со неа ја изневерува. Аферата избива во јавноста, па Сем одлучува да побара развод, но Лео е решен да ја убеди дека сака да остане со неа. Лео наскоро завршува во болница поради срцев удар, а семејството се собира кај него.

СЕРИЈА СНИМАНА ВО ДВОРЕЦ

Серијата е снимена во дворецот „Пентил“ кој исто така има улога. Имено, дворецот го глуми луксузниот хотел на Лео. Дворецот „Пентил“ е сместен на реката Тамар во Корнвол, во Англија. Повеќето од сцените се снимани околу имотот и внатре во дворецот, вклучувајќи ги викторијанската бања и американските градини. За време на снимањето, вработените во дворецот не смееле никому да кажат дека таму се снима серијата, но уживале гледајќи како филмската екипа го преобразува дворецот „Пентил“. 

ОДЛИЧНА АКТЕРСКА ПОСТАВА

Во главните улоги е феноменалната тројка на чело со Дон Френч, британската актерка и комичарка најпозната по работата на ситкомите на Би-Би-Си French and Saunders и The Vicar of Dibley.

Со неа тука е и Лејн Глен, светски познатиот шкотски актер кој можеби ни е најпознат по улогата на Сер Џора Мормонт во серијата Game of Thrones. Неговите останати улоги ги вклучуваат сериите Dowton Abbey и Titans, како и филмскиот серијал Resident Evil.

Тројката ја надополнува Емилија Фокс, британска актерка и водителка, чијашто филмографија вклучува филмови како The Pianist на Роман Полански, The Soul Keeper  и  Dorian Gray, а некои од сериите во кои остварила забележителни улоги се Pride and Prejudice и Silent Witness.

Претходна статијаПрвата надградба на Windows 10 за оваа година може да се очекува во јуни
Следна статија„Најдобри практики за сајбер-безбедност” – Четврти бесплатен вебинар во организација на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT