Како одговор на пандемијата со корона вирусот, работењето од дома стана неопходност за многу организации ширум светот. Во овие досега невидени времиња, организациите и нивните вработени се соочуваат со нови форми на ризик за сајбер-безбедност.

При работењето од канцеларија постојат повеќе превентивни безбедносни контроли, меѓутоа кога вработените работат од дома, за да се заштитат сензитивните информации потребно е да се утврдат дополнителни безбедносни политики.

За да можат соодветно да се заштитат, неопходно е и организациите и вработените да бидат запознаени со предизвиците и да преземат соодветни мерки за безбедно работење. Добрата вест е дека со следење на најдобрите практики за сајбер-безбедност овие ризици во голема мера може да се намалат.

Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT со поддршка на DCAF – Geneva Centre for Security Sector Governance, организира бесплатен вебинар на тема „Најдобри практики за сајбер-безбедност“.

Овoj вебинар е четвртиот и последниот од серијата на бесплатни вебинари за сајбер-безбедност и ќе се одржи на 05.02.2021 со почеток во 10 часот.

Дел од темите кои ќе бидат опфатени на вебинарот се:

  • Најдобри практики за компјутерска безбедност за дома
  • Предизвици при безбедно поврзување со корпоративни ресурси од приватни уреди на јавни интернет мрежи
  • Користење на корпоративни уреди дома

Регистрирајте се и добијте бесплатни совети од врвни експерти за тоа како безбедно да користите Интернет, кои сè безбедносни ризици постојат при работа од дома, како најдобро да се заштитите и многу повеќе… Експерти од областа кои ќе учествуваат како предавачи на овој вебинар се г-дин Владан Бабиќ и г-дин Душан Вигњевиќ.

Не чекајте, резервирајте го вашето место тука!

Претходна статијаЉубов и храна (Delicious) – нова драмска комедија на Pickbox NOW
Следна статијаSamsung Display најави производство на екрани кои се превиткуваат и лизгаат