Празниците не се празници без незаборавни божиќни филмови, а како и секоја празнична сезона, Pickbox TV и оваа година се погрижи во вашиот дом да завладее вистинска празнична атмосфера со повеќе од 70 божиќни филмови.

Од 10 декември на Pickbox TV каналот започнува божиќното лудило. Уживајте во божиќната атмосфера секој ден, со прекрасните, топли и ведри филмови кои ќе се прикажуваат сè до 8 јануари. За сите љубители на најубавиот празник, ви претставуваме само некои од насловите со кои можете да уживате со целото семејство.

Божиќ под свеќи (A Candlelit Christmas)

Во овој прекрасен романтичен божиќен филм, во фокусот на приказната е Ели која одлучува да се врати дома за Божиќ и да му помогне на татко ѝ во бизнисот со изработка на свеќи. Меѓутоа, таа не знае дека кај него престојува шармантниот писател Логан, кој бара инспирација за своето пишување.

Божиќна дестинација (Destination Christmas)

Ема е потпретседателка на компанија која продава играчки и има одлична деловна година. Таа одлучува да оди на одмор и резервира лет за Ст. Џон. Таму живее Конор кој ќе ги врати нејзините божиќни спомени од детството…

Божиќен лек (The Christmas Cure)

Топлиот божиќен романтичен филм се врти околу лекарката Ванеса која се враќа дома за Божиќ и открива дека татко ѝ одлучил да се повлече од сопствената пракса. По повторна средба со својата средношколска љубов, таа се прашува дали треба да остане и да ја преземе ординацијата на татко ѝ.

Само да го имав Божиќ (If I Only Had Christmas)

Прекрасната актерка Кендас Камерон Бур, која имаме можност да ја гледаме во филмовите Мистериите на Аурора Тигарден, ја има главната улога во прекрасниот божиќен филм кој ќе ве остави со топли и добри чувства. Дејството на филмот  се одвива на Божиќ, кога веселата публицистка Дарси се здружува со циничниот потпретседател и неговиот тим за да ѝ помогнат на добротворна организација во неволја.

Божиќно село (A Christmas Village)

Пајпер Џенсен е вешта генијалка за односи со јавност и сопственичка на своја компанија. Откако осмислила безброј успешни кампањи, одлучува да ги употреби празничните рецепти на баба ѝ за да напише своја книга, но ненадејно се наоѓа среде јавен скандал кој му се заканува на целото нејзино работење. Бидејќи е мајстор за односи со јавност, Пајпер прифаќа бесплатно да работи за самохраниот татко Тим Вајт, кој е во неволја. Самата Пајпер не е обожавателка на Божиќ, но знае дека тоа е совршен начин да го спаси својот углед и затоа се впушта во проектот, како и во животите на Тим и неговите две преслатки деца.

Авиони, возови и божиќни елки (Planes, Trains, and Christmas Trees)

Во текот на деловно патување, организаторката на настани Кајли и спортскиот агент Брет не можат да одлетаат дома за Божиќ поради снежна бура. Одлучни да се вратат во Њујорк до Бадник, тие двајца се здружуваат и се обидуваат сами да стигнат дома.

Божиќна маскарада (A Christmas Masquerade)

На божиќниот маскенбал, бизнисменот Мајкл ја заменува Џулиен за нејзината шефица, а таа продолжува со измамата и во текот на Божиќ. Нејзина единствена мисија е да го обезбеди како клиент за својата компанија, но кога ќе се откријат неговите вистински мотиви, тоа сепак би можело да биде и нешто повеќе…

Во потрага по Божиќ (Chasing Christmas)

Симпатичниот и интересен божиќен филм е сместен во свет во кој празниците ги води ефикасниот Уред за божиќни работи. Но, огорчениот Дух на божиќното минато одлучува да побегне додека е на “мисија“ и ја остава личноста која треба да ја води на цедило во 1965 година.

Божиќен натпревар (The Christmas Contest)

Бившите љубовници Лара и Бен се натпреваруваат на божиќниот натпревар за да освојат пари за добротворни цели по свој избор. Целиот град ги гледа како се борат и избираат што е поважно, победата или љубовта.

Божиќно чудо во Детроит (Miracle in Motor City)

Амбер се наоѓа во неволја кога ќе вети дека ќе осмисли божиќен настан кој никој нема да го заборави, со посебно појавување на легендата Смоки Робинсон. Еди и Амбер во голема мера ќе мора повторно да се поврзат за да може да се оствари тоа.

Со божиќните филмови од 10.12 уживајте на Pickbox TV каналот во текот на празниците.

Претходна статијаEnergy Intelligence го отвори новиот изложбен салон во Скопје
Следна статијаApple ја пушти својата „Self Service Repair“ програма во Европа