Apple за првпат ја направи достапна својата „Self Service Repair“ програма надвор од САД. Корисниците во осум европски земји сега ќе можат самите да ги поправат некои од нивните Apple уреди, а тие земји ги вклучуваат Белгија, Франција, Германија, Италија, Полска, Шпанија, Шведска и Велика Британија.

Self Service Repair, како што кажува и самото име, им овозможува на корисниците самите да ги сервисираат своите уреди, без потреба да ги однесат во некоја од Apple продавниците, односно кај авторизираните сервиси.

Поправката се прави со нарачување на потребните делови преку Self Service Repair продавницата во која се достапни оригинални делови од Apple, истите кои им се достапни на официјалните сервиси на компанијата.

Преку оваа продавница може да се нарачаат сите потребни работи за поправка, заедно со упатства, како и потребниот алат. Корисниците ќе можат да го изнајмат алатот за 49 долари, доколку не сакаат да го купат.

Како што истакнуваат од Apple, програмата за поправање на уредите од страна на корисниците е наменета за тие кои се разбираат во работа со електроника, а за останатите се препорачува тоа да го прават во официјалните сервиси.

Програмата може да се користи за поправка, односно сервисирање на iPhone 12 и iPhone 13 серијата, како и за MacBook лаптопите кои работат на чиповите од Apple.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаБожиќно лудило на Pickbox TV каналот
Следна статијаИДУЕП дебата: Се подготвува законска можност за работа од далечина, државата мора да ги вклучи младите и да креира мерки кои ќе ги мотивираат да останат во земјата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.