ceatec-2015-honda-power-exporter-9000-3-of-9

Во ред, купивте електричен автомобил (блазе си ви). Го полните на некоја станица и се развозувате низ градот со чувство на гордост бидејќи придонесувате за почиста животна околина. Во меѓувреме ви текна да одите до викендицата до Маврово за да поминете еден опуштен викенд таму. Отидовте и … снема струја и не се враќа веќе неколку часа. Дали да планирате да се вратите?

Со Power Exporter 9000 на Honda веќе нема ни да морате. Се работи за уред кој прави обратна конверзија на електричната енергија складирана во (горивните) ќелии на електрчниот автомобил. Во суштина се работи за „фенси“ кутија со конвертори кои можат складираната енергија да ја претворат во таква достојна за употреба со стандардни уреди (100/200 волти).

На уредот има штекери во кои можете да приклучите разни уреди како компјутер, телевизор, електрична скара или што и да е друго. Со помош на Power Exporter 9000 ќе можете да имате до 7 дена електрична енергија со моќност од 9 кВч, што е отприлика потрошувачката на просечен дом.

Што значи дека следниот пат кога ќе помислите да одите на кампирање во некоја шума со електричниот автомобил, нема да мора да земате дополнителни извори на енергија. Секако, ќе треба да внимавате да не ја потрошите целата, па да мора вашето прекрасно возило да го оставите на милост и немилост во шумата.

Power Exporter 9000 ќе биде лансиран во 2016 година, а Honda планира да нуди пакети на електричен автомобил и овој уред заедно. За среќно кампирање, нарачајте си еден Power Exporter 9000 и веќе ќе немате грижи било каде и да одите.

Извор: CNet, PlanetSave

Претходна статијаLight L16 е камера со 16 сензори во едно пакување
Следна статијаСтанете коктел-мајстор со MixStik