Избирањето на таблет компјутери за деца може да се покаже како тежок и макотрпен процес поради фактот што постојат многубројни фактори кои директно или индиректно би влијаеле кон изборот, почнувајќи од цената, па се до моделот на самиот таблет.

Но, тоа не значи дека ова треба да биде и ситуацијата со која треба да се справувате и Вие во овој момент, бидејќи ние Ви подготвивме неколку совети кои ќе Ви помогнат при изборот на таблети за деца, но и во поглед на избирање на електроника која што е соодветна за најмалите членови на семејството.

Возраст и број на корисници

Возраста е првата работа која што треба да ја имате на ум при избор на таблет компјутери за деца, бидејќи постојат одредени модели кои би биле комплицирани за користење, но и модели кои се адекватни за помалите дечиња дури и на долг рок.

Од друга страна, ако планирате да купите таблет кој што ќе го користи вашето дете со своето братче или сестриче, тогаш стремите се кон одбирање на модели кои можат да понудат разновидни функционалности, со цел истите да ги задоволат потребите на повеќе личности при користење.

На пример, ако едното дете преферира гледање на цртани филмови, а доколку другото дете повеќе сака да игра игри, тогаш обидете се екранот да биде поголем и да има подобар квалитет, а РАМ меморијата да биде малку поголема од стандардните 4GB.

Големина на екран

Генерално, големината на екраните на таблетите се движи помеѓу 7 – 10 инчи, од кои оние за деца се токму од 7 инчи, па така, бидете сигурни дека вашето дете не би имало никакви проблеми при користењето поради фактот што детските рачиња се мали и идеални за користење на ваков вид на уреди.

Во секој случај, генералното правило кое што го практикува секој повозрасен корисник е одбирање на таблет компјутери со поголеми екрани, па доколку ја сакате оваа опција за вашите најмили, таа сигурно нема да се покаже како лош избор.

Намена

Постојат огромен број на таблет компјутери на пазарот кои се идеални за децата, но, она што треба да си го поставите како прашање е која би била првичната намена, односно за што најчесто децата би го користеле таблетот кој што сакате да им го купите/подарите.

Имено, ако детето сака да црта уште од најмала возраст, тогаш одберете таблет за цртање, доколку обожува да чита тогаш купете таблет за читање, универзални таблет компјутери за секоја намена, или пак исклучиво гејминг таблети чија цена би била малку поскапа поради хардверот.

2-in-1 таблет компјутери

Оваа подгрупа на таблет компјутери е идеална за децата кои го започнуваат образованието, бидејќи истите можат да се користат како лаптопи, но и како таблет компјутери во исто време во зависност од ситуацијата во даден момент.

Кога би слушале настава, овие уреди би биле идеални за оваа цел бидејќи користењето на апликациите кои се потребни за образовни цели би биле на дофат за користење во секое време, а откако ќе завршат часовите, децата би можеле да го користат овој вид на таблет компјутери за најразлични цели.

Но, имајте на ум дека цената е далеку повисока од стандардните таблет компјутери и за тоа би требало да одвоите поголеми средства, па затоа, не чувствувајте притисок и купете само доколку сметате дека оваа инвестиција е повеќе од неопходна.

Бренд

Секогаш фаворизирајте купување на таблет компјутери кои се произведени од најпознатите брендови на пазарот како Apple, Samsung, Amazon, Huawei, Acer, Lenovo и слични на нив, бидејќи тие се познати по издржливоста и квалитетот што се воедно и основните карактеристики кои треба да ги имате на ум при одбирање на одличен таблет за вашето дете.

На пример, голем број на родители купуваат Apple iPad/ iPad mini, Amazon Fire HD 10, Samsung Galaxy Tab A, и слични на нив, а на интернет постојат многубројни рецензии кои ќе Ви помогнат да имате подобра слика околу моделот што сакате да го купите.

Цена

Имајќи го предвид тоа што понудата на таблет компјутери за деца на пазарот е навистина голема, наш совет би бил најпрвин да ги истражите цените, потоа да го формирате буџетот и на крајот да го купите оној таблет за кој што сметате дека е најсоодветен.

За ваша информација, таблет компјутерите чиј оперативен систем е Android се познати по нивните пониски цени, за разлика од производите на Apple кои би Ве чинеле далеку повеќе, иако двете опции може да ја извршат истата работа.

Во секој случај, конечната одлука ќе ја имате Вие, па затоа потрудете се да не инвестирате повеќе отколку што вашиот буџет може да истрпи, па дури некогаш е подобро и да почекате неколку месеци со цел да го набавите таблетот од интерес за време на попусти.

Спецификации

Спецификациите се клучни за да вашите деца бидат задоволни од перформансот на таблетот, па затоа, ќе се обидеме да Ви пренесеме неколку информации кои што треба да ги имате предвид при избирање на таблет компјутери за деца:

Процесор

Колку што е подобар процесорот, толку и таблетот би бил покорисен за користење, но и побрз во работењето, но, имајте на ум дека цената би била далеку повисока доколку се одлучите за некои прилично добри модели.

РАМ меморија

РАМ меморијата е исто така многу важна при одбирањето на таблет за деца, поради фактот што таа е клучна за децата да  можат да инсталираат повеќе игри и апликации, а воедно, колку што е подобра РАМ меморијата толку подобро ќе функционираат самите игри и апликации.

Наш совет би бил да изберете модели со над 1.5GB на РАМ меморија, бидејќи овие модели сигурно ќе се покажат како одлична инвестиција за вас, но и за вашите деца кои не би се фрустрирале од потенцијалното кочење и недостиг на меморија.

Батерија

Издржливоста на батеријата е еден од приоритетите на кои што треба да целите имајќи го предвид фактот што голем дел од времето децата би го поминале во користење на таблетот.

Поскапите модели имаат далеку поиздржливи батерии, и животниот век би бил далеку поголем што е сосема нормално, доколку ги споредите со (по)евтините модели, а според некои пресметки, 4 – 6 години е просечното времетраење на батериите за таблет.

Исто така, би сакале да нагласиме дека во ова голем придонес ќе има начинот на кој што таблетот се користи, грижата и слично, па така, ова може да варира во пракса.

За крај, потрудете се вашите деца да поминуваат само неколку часа дневно во користење на таблетот бидејќи тие се сепак електронски уреди кои можат да влијаат негативно врз очите и општото здравје на најмалите членови во семејството.

Се надеваме дека овие совети Ви беа повеќе од корисни, и дека горенаведените совети би ги употребиле како почетна точка при избирање на таблет компјутери за деца кои би биле користени за најразлични цели, вклучително и за едукација.

Претходна статијаСо 88 апликации за патенти на уреди на преклопување, HUAWEI го претстави новиот Mate X2
Следна статијаЕвропска експанзија на кулите на Vodafone, бидејќи 5G ја зголемува побарувачката