Пред да се случи тоа што се случи со Nokia, телефоните од оваа компанија важеа за едни од најдобрите кога е во прашање камерата. Затоа сопствениците на овој бренд, кои во голем дел се поранешните вработени во Nokia, имаат голема одговорност кога е во прашање камерата на нивните нови уреди.

Затоа, веќе неколку пати можевме да прочитаме дека новата Nokia 9 ќе дојде со 5 камери на задната страна. Овие камери ќе овозможат многу повеќе детали и светлина на сликите, а се разбира тука ќе бидат ефектите кои ќе бидат овозможени од различните детали за кои ќе биде задолжена секоја од камерите.

Познатиот Evan Blass, односно @evleaks, објави слика на која се гледа целосно како ќе изгледа оваа Nokia. Сликата изгледа е вистинска слика која ќе биде наменета за медиумите по објавувањето на телефонот.

Покрај сликата, во продолжение можете да погледнете и видео во кое се истакнати некои од карактеристиките на камерите и уредот.

ИЗВОРTNW
Претходна статијаVolvo ќе нуди можност за поставување на камера свртена кон возачот во своите автомобили
Следна статијаMicrosoft патентира систем за „тивки“ гласовни команди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.