Shutterstock.com

Galaxy Note 10, ако ги земеме минатите години, може да се очекува дека ќе биде претставен некаде во август, а помали се шансите во септември.

За овој уред од највисоката класа на Samsung можевме веќе да прочитаме дека нема да има воопшто копчиња, односно физички копчиња, па фактот што повторно може да се прочита истото укажува на тоа дека информацијата најверојатно е точна.

Овој пат информацијата доаѓа од извори од Android Police, па овој портал исто така додава на веродостојноста на информациите.

Тргањето на физичките копчиња би значело дека веќе нема да има копчиња за вклучување и исклучување на уредот, копчиња за звук, како и копчето за Bixby асистентот. Овие копчиња би биле заменети со површина на допир или притисок, а се најавува и можност тие делови да бидат истакнати на некој начин за да корисниците знаат каде ќе треба да допрат.

Втората информација која се истакнува за Note 10 е и тоа дека Samsung конечно ќе се приклучи на конкуренцијата и ќе го тргне приклучокот за слушалки. Тоа значи дека корисниците ќе треба да користат адаптер или некои од сега повеќе достапните безжични слушалки, а и Samsung има одлични.

Досега корисниците немаат реагирано позитивно на тргањето на приклучокот за слушалки, но телефоните повторно се продаваат, а посебно кога истата компанија нуди и безжични, кои не е чудо да вклучи такви со Note 10.

Оваа година се очекува да има два модели од Note серијата, па тоа би значело дека ќе биде претставен уште поголем Note, како и еден стандарден.

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2Android Central
Претходна статијаСателитите на SpaceX од проектот Starlink ги загрижија астрономите
Следна статијаFacebook патентира дрон којшто лета со помош на змејови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.