Веќе сме точно на една недела од претставувањето на Galaxy S10 телефоните, а неофицијалните информации не престануваат да доаѓаат. Овој пат се работи за два листа со детални спецификации кои анонимно им се испратени на GSM Arena, а наводно доаѓаат од партнери на Samsung во нивниот малопродажен канал.

Спецификациите во главно ги потврдуваат досега достапните информации кои ги имавме, со таа разлика што во нив стои дека најголемиот и најскап S10+ ќе има 6,3 инчен, а не како што се веруваше 6,4 инчен екран.

Останатите два уреди ја имаат истата големина на екранот како што досега и се најавуваше, односно 5,8 и 6,1 инч.

Спецификациите исто така потврдуваат дека сите три модели ќе дојдат со Infinity-O екранот, односно ќе имаат само една мала дупка на годниот дел каде ќе биде сместена камерата.

Уште една работа која се најавува неколку пати, но немаше потврда, е начинот на отклучување на уредите. Двата поголеми модели ќе имаат ултрасоничен сензор за отпечатоци на прстите под екранот, додека најмалиот модел ќе има сензор од страната, на копчето за отклучување.

Во продолжение се двата листа со спецификации, па можете да ги погледнете тие што ве интересираат.


ИЗВОРGSM Arena
ИЗВОР 2PhoneDog
Претходна статијаSamsung ќе го прикаже уредот на превиткување на настанот за претставување на Galaxy S10
Следна статијаБритиш Американ Тобако (British American Tobacco) е нов глобалeн партнер на МекЛарен (McLaren)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.