Неофицијално, од извори на кинескиот „Global Times“, Huawei се подготвува да го пушти својот прв 5G телефон во продажба до крајот на овој месец. Телефонот кој ќе ја има оваа чест ќе биде 5G верзија од Mate 20 X, којшто ќе добие одредени промени и во останатите карактеристики.

Телефонот треба да биде достапен во Кина, се истакнува дека го има во преднарачка и во Италија, а ќе биде достапен и во ОАЕ.

Инаку, телефонот има 7,2 инчен екран којшто секако ќе остане ист, а ќе бидат засилени RAM меморија од 6 на 8 GB, просторот за податоци од 128 на 256 GB, а уште поважно, големата батерија од 4.200 mAh, ќе биде зголемена на 5.000 mAh.

Овие промени се направени со цел да уредот може да функционира како што треба со новиот 5G модем од компанијата, Balong 5000, односно барањата кои се потребни за функционирање со 5G мрежата.

Поголема достапност на уредот во овој момент не се најавува, а тоа е делумно поради проблемите кои Huawei уште ги има со САД, а посебно кога е во прашање 5G мрежата, како и поради тоа што поголемиот дел од светот се очекува да ја пушти 5G мрежата дури идната година.

ИЗВОРVB
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаМакпетрол ги додели наградите од четвртото редовно и второ мастер коло од наградна игра „Со ВЕРНА полни и секогаш добиј“
Следна статијаКако практично ќе се реализира изјавата на Трамп за „олабавување“ на забраната за соработка со Huawei
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.