Скопје, 20 Ноември 2020: WIZZ AIR, најбрзо растечката и најзелена авиокомпанија во Европа, најавува специјални летови посветени на сите спортски ентузијасти кои сакаат да го поддржат националниот фудбалски тим на Северна Македонија за време на нивното прво учество во групите на UEFA Европското Фудбалско Првенство 2020.

Следствено на тоа, вкупно 20 летови ќе им понудат на фановите шанса да ги следат натпреварите од Група Ц (која ги вклучува Северна Македонија, Австрија, Холандија и Украина) кои ќе се одржуваат во Букурешт и Амстердам следната година на 13ти, 17ти и 21ви јуни. Билетите веќе можат да се резервираат онлајн на wizzair.com или преку мобилната апликација на WIZZ AIR.

Добро познати по тоа што нудат различни можности за патување на патниците ширум Европа, WIZZ AIR влегува во игра и им овозможува на фановите да патуваат безбедно и лесно за да го гледаат својот национален тим. 20 летови се организирани помеѓу Скопје, Букурешт и  Ајндховен овозможувајќи го совршениот тајминг за фановите да стигнат на натпреварите и да се вратат дома, притоа искусувајќи уникатно фудбалско искуство.

Специјални WIZZ AIR летови од Скопје за Европското Фудбалско Првенство 2020:

РутиДатумБр. На летови
Скопје – Букурешт Отопени – Скопје13/14/17 Јуни 202116
Скопје – Ајндховен – Скопје21 Јуни 20214

Натпреварите на Северна Македонија во Група Ц на Европското Фудбалско Првенство 2020:

НатпревариДатумВреме на почетокГрад
Австрија – Северна МакедонијаЈуни 13, Недела18:00Букурешт
Украина – Северна МакедонијаЈуни 17, Четврток15:00Букурешт
Северна Македонија – ХоландијаЈуни 21, Понеделник18:00Амстердам

Paulina Gosk, менаџер за корпоративни комуникации изјави: Ние сме многу среќни што ги најавуваме овие специјални нискобуџетни летови помеѓу Скопје и Букурешт и Скопје и Ајндховен и што им овозможуваме на фудбалските фанови од Северна Македонија можност да искусат едно неповторливо искуство гледајќи ги во живо натпреварите на својот национален тим на Европското Фудбалско Првенство за прв пат во историјата на земјата. WIZZ AIR ги најавува овие први летови за Европското Фудбалско Првенство 2020 додека останува посветена на одржување на највисоките стандарди и протоколи за хигиена на патниците и екипажот, се уште овозможувајќи пријатно искуство без грижи. Тимот на WIZZ со нетрпение очекува да им посака добредојде на сите фудбалски ентузијасти на своите нови Airbus летови во Јуни.

Претходна статијаИзлезе од печат „Своја“ – првиот роман на Ирена Никола Чаушевска
Следна статијаКако на радио станиците, YouTube воведе аудио реклами кои според нив ја зголемуваат свесноста за брендовите