Shutterstock.com

YouTube на огласувачите ќе им овозможи уште еден начин да дојдат до својата публика, во овој случај огромниот број на корисници кои оваа мрежа ја користат за слушање на содржината, а не за гледање.

Тоа значи дека YouTube добива аудио реклами, нешто што сепак нема да дојде чудно за корисниците, со оглед на тоа што овој вид на рекламирање постои со децении, преку радио станиците.

Огласувачите, односно брендовите, ќе можат да пуштат и аудио реклама, а визуелниот дел ќе биде покриен со слика или некоја анимација. Според тестирањата на Google, овој вид на реклами овозможуваат значително зголемување на свесноста на брендот кај 75% од кампањите.

Ова секако не изненадува и може да се каже дека е очекувано. Голем дел од корисниците го користат YouTube за слушање на музика или некоја друга содржина кај која звукот, односно тоа што се кажува е клучното, а не самото видео.

Овој вид на реклами, кои главната информација за тоа што се рекламира ќе биде кажана, многу повеќе ќе може да го постигне ефектот кај слушателите отколку рекламите кои се замислени пред се да бидат видени. Сепак, кога веднаш не е јасно што се рекламира, мали се шансите дека слушателот ќе продолжи да се труди да разбере за што се работи.

Од Google затоа им препорачуваат на огласувачите да ги прават своите аудио реклами кратки и јасни, со цел да тие имаат што поголем ефект.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2PCMag
Претходна статијаWizz Air најавува специјални летови од Скопје за Европското Фудбалско Првенство 2020
Следна статијаДо 2023 еден град во земјава, најверојатно Скопје ќе добие 5Г мрежа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.