На 19.02 се одржа настан организиран од EOS Матрих на кој темата беше презентација на истражувањето „Европски навики за плаќање“, кое EOS го спроведува веќе 12 години по ред. Целта на настанот беше  да се подигне свеста дека неплаќањето на обврски не е проблем само во Македонија, туку е проблем и во Европа и насекаде во светот, колку сме ние далеку или блиску до европските платежни навики, со цел да се идентификуваат мерки и постапки како да се минимизира таа разлика. Како што изјави Катерина Бошевска, директорката на EOS Матрих, во нејзиното поздравно обраќање:  

„ Кога зборуваме за обврски, зборуваме за одговорност“. EOS Матрих како компанија се стреми кон подигање на свеста за таа одговорност.

Панелистите развија интересна и корисна дискусија за тоа како во напорите за наплаќање пред се треба да се трудиме да бидеме социјално одговорни, да ги заштитуваме интересите на нашите клиенти и како една од најважните работи е да се биде лојален со регулативата.

На што се надоврза директорката Катерина Бошевска:

„Во контекст на она што го говореа нашите панелисти во една можам слободно да кажам одлична дискусија јасно е дека сите ние во напорите да наплатиме мораме да се трудиме да бидеме и социјално одговорни, да ги заштитуваме интересите на нашите клиенти, а од друга страна да сме во линија со регулативата, да ги следиме трендовите на дигитализација и со создавање на една дигитална стратегија суштински да го редефинираме начинот на кој го водиме својот бизнис, што подразбира целосна дигитална трансформација на применетите бизнис модели и приспособување на стратегиите на бизнисот кон новите услови.“

EOS се труди да ја пронајде најдобрата следна акција за нивните корисници во управувањето со побарувањата и во исто време интелигентната употреба, односно евалуација на податоците е од суштинско значење за нивната проценка на ризикот како финансиски инвеститор.

Претходна статијаПрепорака на ТВ серија: Патриот
Следна статијаGoogle не препорачува инсталирање на нивните апликации на уредите од Huawei