Скопје, 29 јуни – Вчера во Едукативниот центар М6 се одржа работилница за визуелно раскажување приказни во организација на Центарот за визуелна комуникација Ефектива, а под покровителство на брендот 4U.

Едукаторите од Ефектива ги водеа учесниците низ процесот на креирање успешна визуелна приказна. Работилницата ја следеа идни графички дизајнери, професионалци и заинтересирани за визуелната комуникација. Работејќи на темата „Слатки приказни 4U“ тие имаа можност и самите да развијат одредено визуелно решение.

Идејата за бесплатната работилница е поинаков пристап во практикувањето општествена преку неформална едукација на млади, но и повозрасни луѓе, кои имаат желба за постојан личен и професионален развој:

  • Како општествено одговорна компанија се трудиме секогаш да најдеме нови и иновативни начини за да влијаеме на доброто на заедницата. Овој пат, со радост ја прифативме иницијативата на Ефектива за поддршка на работилницата за визуелно раскажување приказни. Драго ни е што токму визуелниот идентитет на нашиот бренд 4U (кроасани и колачи) е пример преку кој учесниците размислуваа и ги истражуваа бескрајните можности на визуелната комуникација – вели Татјана Танева Новаковска, менаџер на „Жито Пром“ – Гевгелија.

За организаторот Ефектива, неформалната едукација е значаен сегмент од професионалниот развој на секој човек, а споделувањето на знаењето е можност за раст на едно општество. Токму затоа тимот сака своето искуство да го пренесе и на помладите:

  • Кога ги креираме стратегиите за брендовите за кои се грижиме, едукацијата е важен елемент во општествено-одговорните проекти. Започнуваме серија едукативни работилници од областа на маркетингот, зад кои како покровители ќе застанат токму компаниите со кои работиме. Целта е да можат учат и оние кои сакаат, а немаат финансиска можност. Нашите клиенти се храбри и ја имаме нивната поддршка во секој проект. Сепак, најважно во секоја приказна е да имате тим кој лудо верува во визијата на компанијата. За среќа, Ефектива се движи во правецот што го посакувавме – вели првиот човек на агенцијата, Софија Семенпеева Трајановска.   

Во своето десетгодишно постоење Ефектва има бројни успешно реализирани проекти, а во голем дел од нив, еден од главните постулати е токму уметноста.

Претходна статијаNothing Phone (1) ќе се продава по цена од 400 до 450 долари
Следна статијаMicrosoft најави неколку новини кои доаѓаат кај Collections функцијата на Microsoft Edge