Подготвувањето на децата за доживотно учење, успех и станување на глобален граѓанин, претставува темел на Канадската едукативна методологија, која ја направи Канада една од водечките светски лидери во полето на образованието. Овој концепт, за прв пат станува достапен и во нашиот регион преку канадските училишта “Maple Bear“ и нивниот нов франшизен образовен модел. Овој модел е дизајниран да го едуцира детето во целост – на физичко, интелектуално, емотивно и социјално ниво, во чии рамки се опфатени три фундаментални аспекти – креативност, соработка и критичко размислување.

Според Институтот за Иднина (Institute For The Future – IFTF), повеќе од 85% од работните места кои ќе бидат отворени во 2030 сè уште не постојат. Како едукативниот процес може да ги подготви децата за работните места од иднината? Што им е потребно на училиштата за да им овозможат на децата успешна иднина? Имајќи го предвид фактот дека никој не знае што може иднината да донесе, одговорот е скриен во методологијата научење како да се учи. Доколку кај децата се развијат вештини и љубов да  учат и да осознаваат, тогаш тие ќе бидат подготвени да се соочат со секој предизвик и самоуверено ќе се насочат во посакуваниот правец во овој свет полн со брзи и сеопфатни трансформации.“ – изјави г-дин Јен Бидан (Yann Bidan), Генерален Менаџер на “Maple Bear“ за Централна и Источна Европа.

По отворањето на градинка и најавеното отворање на основно училиште во 2020 година во Сибиу, Романија, како и основно училиште во Софија, Бугарија, во потрага сме на локални корисници на франшизата за отворање на училишта во Северна Македонија. Нашите “Maple Bear“ училишта имаат уникатна позиција на пазарот – нудат целосни канадски двојазични методологии и стратегии за предавање, обединувајќи ги канадската и локалната програма. Ова создава многу повеќе образовни можности за учениците на “Maple Bear“, на локално и на интернационално ниво.“, додаде г-дин Јен Бидан.

Образовниот систем на Канада постојано се рангира помеѓу најдобрите пет земји во светот според “OECD PISA“ меѓународната проценка на ученици. Ова е одговор на суштинско прашање: Што е важно граѓаните да знаат и да може да направат? Како тие го применуваат она што го научиле во рамки на секојдневните, реални проблеми и доживотното учење?

Канада (5.место) ги надминува сите земји во светот од англиско говорно подрачје (Обединетото Кралство 22. место, САД 30.место, итн.) и котира пред економските лидери во Европа (Франција 24. место, Германија 12. место). Според последниот “PISA” тест, Северна Македонија е рангирана по 60. место. 

Бенефити од билингвално образование

Заедно со методологијата, Канада е водечки лидер во спроведувањето на двојазична едукација со ексклузивно користење на само на одбраните два јазика. Истражувачите докажаа дека колку порано се изложат малите деца на втор јазик, толку подобар почеток ќе имаат во животот. Меѓутоа, двојазичноста е предност која претставува повеќе од течно зборување на два јазика – подобрува различни ментални функции и зајакнува социјални вештини. Според неодамнешните истражувања, двојазичните деца повеќе можат да се концентрираат, да се вклучат во повеќе задачи, да се прилагодат на промените и да решаваат проблеми. Дополнително, двојазичноста помага во одложувањето на некои болести, како Алцхајмер и Деменција, до 5 години.

Претходна статијаSamsung го претстави ClimateHub, своето прво интегрирано решение за греење и довод на топла вода
Следна статијаMicrosoft го зачува стариот Superman филм на парче стакло