Линкови кои што водат до лажна наградна игра почнаа да циркулираат во приватни пораки на друштвените мрежи и во нив „Макпетрол“ се наведува како организатор.

Компанијата укажува дека се работи за измама и потенцира дека корисниците не треба да кликаат на линковите во пораките, бидејќи на тој начин ја загрозуваат безбедноста на своите електронски уреди и лични податоци.

„Макпетрол“ традиционално секоја година ја организира наградната игра „Со Верна купувај и награди добивај“ и таа се одвива според сите законски нормативи и процедури. Активни и официјални интернет-страници на компанијата се www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk, додека официјален Facebook-профил е „Макпетрол Ultra“. Сите останати пораки кои наликуваат на наведените веб-страници се лажни, немаат никаква поврзаност со „Макпетрол“ и граѓаните истите треба целосно да ги игнорираат – истакнуваат од компанијата.

Надлежните институции се известени за пораките преку кои што се повикува учество во лажната наградна игра.

Претходна статијаМакедонскиот филм „Преекспонирано“ во рацете на агентот за продажба The Open Reel
Следна статијаSamsung Electronics за прв пат организира 6G форум за воведување комуникациски технологии од следната генерација