Скопје, 03. Јуни, 2019 година – Финалните активности од седмата сезона на Интернационалната општествено одговорна програма “Фудбал за Пријателство“, под покровителство на компанијата Гаспром, изминатата недела се одржаа во Мадрид. Во рамки на овој проект учество заземаа македонските претставници, Младите Амбасадори Милош Спасовски, Борјан Томовски, Лука Јаневскимлади фудбалери од подмладокот на ФК „Вардар“ и Калина Василевска – Млада Новинарка.

Централен настан на финалните активности на проектот беше Светското првенство во Фудбал за Пријателство, во чии рамки оваа година учествуваа 32 меѓународни тимови на пријателство. Секој од тимовите обедини 12-годишни деца од различни националности.

Македонските фудбалски претставници беа дел од различни тимови во рамки на овој проект. Младиот голман од подмладокот на ФК “Вардар“ Лука Јаневски со својот тим “Тасмански Ѓаволи“ беше дел од финалето на Светското Првенство во Фудбал за Пријателство. Лука Јаневски бранеше извонредно, шутираше и пенал и постигна гол, и заслужено го понесе признанието за Најдобар Голман во рамки на овогодинешното Светско Првенство во Фудбал за Пријателство.

На финалето на Светското првенство во Фудбал за Пријателство, покрај претставници на компанијата “Гаспром”, присуствуваа и ѕвездите на фудбалот како Роберто Карлос и Марко Матераци, како и амбасадорите на УЕФА, Селија Сасиќ и Рикардо Карваљо.

Програмата Фудбал за пријателство спроведува важна мисија промовирање на концептот за еднаквост на сите култури помеѓу децата. Ако нашите деца научат да се дружат, да ги третираат сите со почит и да заборават на разликите, тие ќе можат да изградат подобра иднина.” – изјави легендата на бразилскиот национален тим и Реал Мадрид, победник на Светскиот куп и трократен победник во Лигата на Шампионите, Роберто Карлос.

Како дел од финалните активности, учесниците на седмата сезона на проектот Фудбал за Пријателство учествуваа во фудбалски тренинг со најмногу националности во светот. Во рамки на овој тренинг беше вклучен и Милош Спасовски, фудбалер од подмладокот на ФК “Вардар“. На крајот на тренингот, проектот доби официјален сертификат “GUINNESS WORLD RECORDS®“.

Младите учесници во овогодинешната седма сезона на проектот гласаа и го одбраа добитникот на Купот на 9 ВредностиФудбалскиот Клуб Ливерпул. Купот е награда која секоја година се доделува во рамки на проектот Фудбал за Пријателство на најодговорниот и најопштествено одговорниот фудбалски клуб за тековната сезона. Оваа година децата избира помеѓу клубовите кои играа во Лигата на Шампиони 2019, а победникот беше определен непосредно по финалниот натпревар на Светското првенство во Фудбал за Пријателство, кој се одржа на плоштадот Плаза Мајор.

За крај на овогодинешната сезона, учесниците во проектот го проследија Финалниот натпревар од Лигата на Шампионите кој се одржа на стадионот “Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

Претходна статијаПешачки семафори во Виена ќе се вклучуваат автоматски преку поставени камери на истите
Следна статијаHuawei ќе го продаде својот мнозински удел во бизнисот со подморски оптички кабли