Windows XP 2019 Edition е концепт видео за како овој оперативен систем би изгледал во денешно време

Некои од дизајн решенијата во концептот изгледаат подобро и од Windows 10

Windows 10 изгледа одлично, барем на мене, а посебно во споредба со постарите верзии. Сепак, тоа одлично е за одредени работи, па имам и доста критики, а посебно кога е во прашање имплементацијата на Fluent дизајнот којшто изгледа одлично, но не е воведен на сите делови од системот.

Видеото на почетокот од статијата е концепт за тоа како би изгледал Windows доколку остане во својата XP верзија, но да добие одредени промени кои се во текот со времето.

Дел од прикажаните работи во видеото се подобри и од тоа како изгледа денес Windows 10, па е навистина интересно кога ќе се размисли колку некако половично внимание му дава Microsoft на овој дел од развојот на системот.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаРекордна пред-продажба на Galaxy Note10 смартфоните во Европа која го надмина бројот на продадени Note9 уреди
Следна статијаПродолжува кампањата на Huawei за замена на екран со попуст до 50%, а денес и утре може да искористите и попуст од 1300 денари за поправки вон гарантниот рок
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.