Фото: Shutterstock.com

Иако било кое видео од YouTube може многу лесно да се сподели на било која од апликациите за разговори, од Google сепак пред 2 години воведоа посебен дел каде корисниците ќе можат да ги споделуваат видеата како приватни пораки директно во YouTube.

Во овој дел корисниците можат да продолжат и да разговараат, па се постави прашањето што ќе ни е уште еден сервис за разговори.

Меѓутоа, мене лично оваа можност ми се погоди како корисна. Видеата кои сакам да ги споделам конкретно со една личност, почна да ми одговара да го правам тоа на YouTube директно, а со тоа останатите апликации преку кои разговарам, да останат само за тоа.

Сепак, ова мислење изгледа не го делат многу корисници, па Google се реши да ја откаже оваа функција на сервисот. Истата ќе престане со работа од 18 септември, по што споделувањето на видеата приватно ќе мора да се прави преку некоја од достапните апликации за разговори.

Интересен е заклучокот до којшто доаѓаат од TechCrunch. Според нив, уште една причина за откажување на функцијата е што истата се има користено од страна на деца во главно, да можат да разговараат додека им се блокирани останатите друштвени мрежи и апликации за разговори.

YouTube, односно пораките преку овој сервис, изгледа поминуваат преку обичен веб протокол, па покрај тоа што не постои заштита за пораките, не е можно блокирање без да се блокира целата страна.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаSamsung го претстави 240Hz G-Sync компатибилниот заоблен CRG5 Монитор за игри во Европа на gamescom 2019
Следна статијаСликите во Google Photos ќе може да се пребаруваат по текстот во нив
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.