Shutterstock.com

Во објава во која говорат за DDoS нападите и нивната иднина во време кога брзината на интернет пристапот значително се зголемување, со оптичките врски и 5G мрежата која тек ќе биде пуштена масовно, Google го откри и досега најголемиот напад на нивните мрежи. Овој напад изгледа е и најголемиот било кога регистриран на некоја мрежа.

Нападот се има случено во 2017 година, а според информациите од Google тој се одвивал со пренос на податоци со брзина од дури 2,54 терабајти во секунда. Нападнати биле серверите од Google, односно мејл серверите и останатите кои од компанијата ги користат за своите корисници, деловни, приватни и хостинг корисници.

Од Google истакнуваат дека нападот бил спонзориран од држава, конкретно од Кина. DDoS сообраќајот доаѓал од четири интернет оператори во Кина, а се истакнува дека напад од ваков обем може да се изведе во главно само со државна помош и организација.

Причината поради која од Google се решаваат да го објават ова е поради нивниот план за зголемување на свесноста за DDoS нападите кои според нив во иднина само ќе бидат поголеми, а како главна причина се истакнува и многу поголемата брзина на интернет пристапот во светот.

ИЗВОРZDNet
Претходна статијаДо 12 месеци HBO GO содржини со Samsung UHD телевизорите
Следна статијаLG почна да го продава својот телевизор со екран кој се намотува со цена од 75.000 евра
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.