Фото: Proton

Proton, швајцарската компанија која е позната по своите производи кои приватноста на корисниците ја имаат како главна карактеристика, претстави уште еден производ, кој додава на оваа нивна политика. 

Proton Authenticator е едноставна апликација која е наменета да генерира кодови за најавување на сервисите со дво-факторска автентикација. Ова е нешто што се користи одамна, па по внесувањето на лозинката, корисниците внесуваат уште еден, најчесто шестцифрен, еднократен код. 

Во најавата на Authenticator, Proton истакнуваат дека се работи за апликација со отворен код, шифрирана синхронизација на податоците, како и тоа дека истата не се користи за реклами. 

Proton Authenticator овозможува импортирање и експортирање на податоците од и на другите вакви апликации, што доста го олеснува префрлувањето на корисниците. 

Тоа по кое се разликува оваа апликација е достапноста на десктоп верзија на Windows, macOS и Linux, а конкурентните апликации обично се достапни само на мобилните. 

Тоа што не ми се допаѓа кај Proton Authenticator е што апликацијата нема поддршка за „passkeys“, нешто што е доста важно ако веќе говориме за безбедност и приватност. 

Можноста за генерирање на кодови корисниците на Proton веќе ја имаат преку Proton Pass, а од компанијата сметаат дека корисниците можат да добијат уште едно ниво на заштита доколку тоа го прават од посебна апликација. Тука се секако корисниците кои не користат Proton Pass, кои би биле заинтересирани да пробаат алтернатива.

ИЗВОРProton
Претходна статијаВодич за заштита на вашите приватни фотографии и пораки
Следна статијаiPhone можно е да го добие Tandem OLED екранот кој се користи кај iPad Pro од минатата година
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.