Без некоја поголема најава, Microsoft направи промена кај најавувањето со нивните сметки. Почнувајќи од февруари, најавувањето со Microsoft сметка, на било кој производ или сервис, ќе ја задржи сметката најавена се додека корисникот не се одјави.
Ова ја менува досегашната практика која подразбираше автоматско одјавување по 24 часа, а ова обично се прави како безбедносна мерка за корисниците.
Оваа новина сепак е позитивна, па корисниците кои работат со Microsoft сметка на нивниот компјутер, веќе нема да мора често повторно да се најавуваат, па нивниот компјутер ќе остане најавен, исто како што е случајот со Google сметките.
Тоа што се препорачува е внимавање од страна на корисниците кои се најавуваат со својата Microsoft сметка на компјутери до кои тие не се единствени кои имаат пристап, односно ги користат.
Корисниците најдобро би било да на ваквите компјутери запаметат да се одјават кога ќе завршат со работа или уште подобро работата да ја направат преку „приватна“ сесија на прелистувачот, по што ниту една сметка не останува најавена по гаснење на прелистувачот.
Microsoft не ја промовира нешто посебно оваа промена, па за истата може да се дознае преку оваа страна, а и мала лента со информација во Outlook.com, на пример.