Фото: Microsoft

Microsoft минатата година ја пушти поддршката за користење на „passkeys“ за сите корисници на компанијата. Со тоа корисниците добија можноста наместо лозинка, да ги користат овие доста побезбедни „клучеви“ за најава на нивните Microsoft сметки. 

Сега од компанијата одат чекор понатаму, па оваа можност ја прошируваат за најава на повеќе сметки, не само од Microsoft, па корисниците ќе можат да го користат системот од компанија за креирање и чување на passkeys преку Windows 11. 

Тоа што е поважно со оваа најава е промената на начинот на креирање на нови Microsoft сметки. Истите сега стандардно ќе се креираат без лозинка, а на корисниците ќе им бидат понудени неколку можности за најава, од кои секако најдобра е таа со passkeys. 

Постојните корисници одамна имаат можност да ја исклучат, односно целосно тргнат лозинката од нивната Microsoft сметка, а најавата да ја направат преку известување од Microsoft Authenticator, односно изминатите година и нешто и со додавање на passkey. 

Од компанијата најавија и мал редизајн на страната за најава, а истата сега ќе го бира и најдобриот начин за најава на корисникот, а во преден план ќе ги става можностите за најава без лозинка. 

Чувањето на passkeys веќе е доста лесна работа, а повеќето платформи нудат креирање и чување на овие клучеви. Тоа го нудат Microsoft, Apple, Google, како и повеќето од најпознатите апликации за чување на лозинки. 

Ова значи дека корисниците веќе треба да практикуваат најава преку passkeys, односно да престанат со користење на лозинки. 

За жал, повеќето сервиси кои нудат најава со passkeys, сѐ уште не го следат примерот на Microsoft и ги користат лозинките, иако нема потреба. 

ИЗВОРThe Hacker News
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаGoogle го проширува „AI Mode“ кај Search за сите корисници во САД
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.