Фото: Google

За жал Google сѐ уште повеќето функции со вештачка интелигенција кои ги вградува директно во Search ги пушта како експериментални преку Labs, но истите не се достапни во повеќето земји во светот, како и нашата. 

AI Mode, односно режимот за пребарување со вештачка интелигенција, досега им беше достапен на корисниците во САД преку Labs, но преку листа на чекање. Сега сите корисници можат да ја користат оваа функција, со што може да се очекува дека се ближи официјалното пуштање на оваа функција. 

Со овој режим на пребарување, корисниците одговорите ги добиваат од вештачката интелигенција, наместо класичната листа со веб страни. Од десната страна достапна е лента која ги прикажува изворите за одговорот, со што корисниците можат да отворат и некоја конкретна страна, односно не секогаш е доволен само одговорот од ВИ. 

Овој начин на пребарување на интернет сигурно ќе биде иднината и ќе ја замени класичната листа со веб страни, која за жал кај Google станува се повеќе комплицирана и полна со спонзорирани резултати и страни кои успеваат до одреден степен да го „изиграат“ SEO алгоритамот на компанијата. 

Google со најавата за достапноста на AI Mode најави и подобрување на оваа функција која сега прикажува подетални информации кои треба да ја намалат потребата од отворање на линковите, кратко кажано, во форма на картички, како и на самите одговори.  

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаVisa најавува нова ера на трговија со користење на вештачка интелигенција
Следна статијаMicrosoft направи важен чекор напред кон иднината без лозинки
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.