Фото: Google

Google официјално пушти нова функција во Search, која досега се тестираше, поврзана со резултатите кои се прикажуваат кога корисниците пребаруваат вести. 

За почеток оваа новина им е достапна на корисниците во САД и Индија, но се очекува дека наскоро ќе биде пуштена во целиот свет. 

Новината е наречена „преферирани извори“, а во основа истата им овозможува на корисниците да изберат од кои веб страни ќе им бидат прикажувани повеќето од резултатите. 

Изворите можат да се изберат со притискање на ново копче кое се прикажува во делот „Top stories“ при пребарување, а можат да се додадат неограничен број на извори. 

Според Google, во периодот на тестирање на оваа функција, повеќе од половина од корисниците избрале четири или повеќе извори. 

Избраните извори најчесто ќе се прикажуваат во резултатите, односно кога пребарувањето овозможува такво нешто. Изворите кои не се дел од изборот, ќе продолжат да бидат прикажувани, а приоритет ќе имаат тие од листата на корисникот. 

Според мене, многу подобро ќе беше Google да ја додаде можноста да се тргне некој извор, наместо да се прави цела листа на преферирани извори. Има веб страни кои едноставно не би сакал да ги читам, а во резултатите не ми смета да бидат прикажани повеќе извори. 

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаApple конечно има добар напредок со развојот на вештачката интелигенција
Следна статијаОдново во функција механизмот за жалби поврзани со изборните активности во онлајн просторот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.