google-domains-1

Грешка во системот на Google Domains, му има дозволено на корисник на сервисот успешно да го купи google.com домејнот. Домејнот бил купен за стандардната цена која што се плаќа за обичните домејни, односно за 12 долари.

Google.com бил купен од страна на Sanmay Ved кој што исто така е и поранешен вработен во Google. Тој раскажува како дошло до тоа тој да го купи домејнот, кој што сега е вратен во сопственост на Google.

Разгледувајќи ги корисничкиот интерфејс на Google Domains, Вед забележал дека google.com домејнот е означен како слободен и достапен за купување. Мислејќи дека се работи за некаква грешка, тој продолжил со купувањето очекувајќи да не биде успешно. Сепак, домејнот бил префрлен во негова сопственост, а сумата од 12 долари наплатена на неговата сметка.

Google брзо ја има забележано грешката, па купувањето било откажано, односно поништено. Од компанијата немаат известено зошто дошло до грешката, а може да се каже дека е и добро што купувањето се случило на Google Domains, сервис во сопственост на компанијата.

Извор: Cnet, LinkedIn Pulse

Претходна статијаКанабис капитализам
Следна статијаСноуден не ги исклучил email известувањата од Twitter и добил 47 GB од нив
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.