Од моментот кога ќе го ставите на рака, Galaxy Watch4 станува ваш асистент при остварување на секојдневните цели, главен соработник во организирање на животот, „советник“ за подобар сон и партнер при вежбање. Вистински тимски играч кој игра за вашиот тим и знае само за победа. Елегантен, ненападен, фантастичен, совршено се вклопува во сечиј стил. Galaxy Watch4 е патоказ кон вашата поздрава верзија.

Часовник кој го следи вашиот напредок

Galaxy Watch4 следи како напредувате во задачите кои сте си ги задале себеси. Зададете си цели за посакувана тежина, процент на телесни масти и мускулна маса, и следете го напредокот додека вашиот асистент во ниту еден момент нема да дозволи да загубите мотивација. Тој ве известува за вашиот фитнес напредок со тоа што ви ја мери телесната структура бидејќи, ако го знаете односот на мастите, мускулната маса и вода во вашето тело, полесно ќе ги постигнете посакуваните резултати.

Samsung BioActive Senzor, како и најбрзиот чип кој компанијата Samsung го произвела, се најголемите досегашни иновации кои се вградени во часовниците Galaxy Watch. Потребни се само 15 секунди да ја измерите својата телесна маса со BIA методот, и тоа само со помош на два прста било кога и било каде. Новиот Samsung BioActive Senzor истотака прикажува состав во реално време и ве известува за тоа додека работите на своите здравствени цели.

Партнер во вежбањето и персонален тренер

Со Galaxy Watch4 добивате партнер, но истовремено и тренер кој ќе ви достави целосно прецизен извештај од тренингот со тоа што, препознавајќи ги физичките активности, ја осознава вашата рутина. Благодарејќи на усовршениот индекс и постоењето на интервалниот тренинг на часовникот Galaxy Watch4, вежбите сега можат да бидат оптимизирани, а тренингот насочен кон нови цели. Следете ги вашите чекори и натпреварувајте се со пријателите во забавен натпревар преку платформата за допишување во живо. Впуштете се во предизвици со системот на бодување за вежбањето да биде интересно и мотивирачко.

Го мери нивото на кислород во крвта од вашиот зглоб

Инсталираната функција мерење на нивото на кислород во крвта кај Galaxy Watch4 во секој момент овозможува проверка на количеството на кислород во крвотокот. Сатурација со кислород е директно поврзана со физичките перформанси, па следењето на кислородот во крвта помага при зачувување на здравјето. И додека спиете, Galaxy Watch4 е „буден“ и го следи вашиот сон. Ја препознава фазата на влегување во сонот и ги анализира сите негови фази во целост. Новите опции овозможуваат проверка на нивото на кислород во крвта и образецот на ‘рчење (доколку има индиции за тоа). Сево ова ќе ви обезбеди подобро и подолго спиење.

Елегантен, ненаметлив, фантастичен

Galaxy Watch4 е часовник кој го следи секој ваш стил, без разлика дали е тоа прошетка во природа, работен состанок или гала вечера. Поседува едноставен дизајн со поедноставена Armor Aluminium метална рамка, и со тоа можете да изберете некое од понудените ремчиња за часовникот, вклучувајќи Hybrid кожено ремче и спортско ремче, и со тоа сами го креирате изгледот на вашиот часовник. Galaxy Watch4 се прилагодува на вас. Уште една погодност е дека можете да изберете помеѓу аналогно или дигитално лице на часовникот со мноштво позадини, фонтови и бои кои одговоараат на вашиот вкус, временски прилики или на некој настан. Направето го лицето на својот часовник единствен со помош наAR емотикони, кои одговараат на вашиот стил, додека анимираната графика ги прикажува вашите активности, како што се трчање или слушање музика. Уживајте во допирот со високо квалитетни материјали на вашиот зглоб како и во ултра практичните подлоги отпорни на потење. Ќе се вљубите во удобноста при носењето и елегантниот и префинет изглед кој совршено го дополнува вашиот стил.

Вистински тимски играч

Како прв паметен часовник кој работи на Samsung Wear OS, Galaxy Watch4 овозможува лесен пристап до омилените апликации од зглобот – тука ве чека голем избор на апликации меѓу кои и супер популарната апликација за стримување на музика. Со помош на сите овие перформанси Galaxy Watch4 ќе биде ваш асистент за полесен живот. Повеќе информации за часовникот погледнете на: https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch4-silver-bt-sm-r870nzsaeuf/   

Претходна статијаМарк Гурман најавува „always on“ екран кај iPhone 14 Pro моделите со можност за прикажување на новите „виџети“ од iOS 16
Следна статијаЦЕФТА оствари огромен напредок во промоција на е – трговијата и трговијата со услуги
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments